Автор: Општина Кавадарци

Донација на компјутерска опрема од страна на компанијата “EPT – electronic precision technology” од Германија

Донација на компјутерска опрема од страна на компанијата “EPT – electronic precision technology” од Германија

Деновите во Општина Кавадарци пристигна донација на компјутерска опрема. Донацијата е обезбедена во комуникација со Александар Мурџев со потекло од Кавадарци кој што живее и работи во Германија во компанијата “EPT – electronic precision technology” од областа на хардвер и софтвер. Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и установи основани од локалната самоуправа, како  и потребите на основните училишта во Општина Кавадарци. Изразуваме благодарност до компанијата и се надеваме на понатамошна соработка. 

Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Директорот на весникот Вечер и порталот vecer.press г-дин Бобан Богдановски Андрески, на градоначалникот Митко Јанчев му е врачена плакета ,,Менаџер за 2022 година”, за особен придонес во развојот на Општината и на компанијата Кожувчанка.

Весникот Вечер по повод јубилејот од 60 години, оваа година, ова високо признание го додели на 7 менаџери на престижни компании за постигнати резултати во своето работење.

Градоначалникот во оваа прилика изјави ,,Од весникот Вечер и порталот vecer.press како најпрестижни и најобјективни, сум пријатно изненаден за изборот на менаџер за 2022, а уште попријатно изненаден од присуството на денешните гости директорот Бобан Богдановски Андрески и главниот уредник Весна Миќиќ Божиновска и тоа што лично ми ја врачија оваа плакета. Мотивацијата од објективноста на луѓето е мој најголем предизвик за понатамошно работење”.

ЈАВЕН ПОВИК за учество на  стручни лица  во работата на седниците на постојаните комисии на Советот на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за учество на  стручни лица  во работата на седниците на постојаните комисии на Советот на Општина Кавадарци

 

Во член 82 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.8/05…..75/21), таксативно се набројани надлежностите на Советот на општина Кавадарци.

 Врз основа на  83  став 1 и 2 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“  бр.8/05…..75/21), за претересување на прашања од својата надлежност Советот формира Комисии.

 Комисиите на Совет се формираат како постојани и повремени.

Согласно член 102  став 4 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци (,,Сл.Гласник на Општина Кавадарци,, бр.21/06), постојаните комисии на Совет на општина Кавадарци  на својата седница можат да поканат и стручни лица заради изнесување на нивни мислења по прашања што се разгледуваат на седницата на комисијата.

ЈАВЕН ПОВИК за членови во Локално Собрание на млади на град Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за членови во Локално Собрание на млади на град Кавадарци

Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( ,,Сл.весник на РСМ“ бр.10/20), а во врска Решение за формирање на Иницијативен одбор за организација и одржување на Локални младинско собрание на Општина Кавадарци со арх.бр.08-6629/24 од 31.10.2022година (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.22/22) член 128-г  став 4 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци“  бр.8/05…..75/21),

Иницијативен одбор за организација и одржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

ЈАВЕН ПОВИК

за членови во  Локално Собрание на млади на град Кавадарци

 

1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 1.Локалното Собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат, предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување по Општина Кавадарци.

                Овој Јавен повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување по Општина Кавадарци, а ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Кавадарци;
  • Делегатот и заменик –делегатот да се жители на Општина Кавадарци и да се на возраст помеѓу 15 и 29 години.

               

2.Конституирање на Локално Собрание на млади на град Кавадарци

 Конститутивната седница на Собранието ја свикува Иницијативниот одбор и на истата се избира Претседател по пат на тајно гласање.

Мандатот на членовите на Собранието на млади , како и мандатот на претседателот трае 2 (две) години.

На конститутивната седница, Собранието на млади носи Одлука за формирање на Комисија која што до следната седница на Собранието на млади ќе подготви Деловник за работа на Собранието.

По усвојување на Деловникот за работа, Собранието донесува Одлука за распишување на Јавен повик за формирање на Локален Младински совет на Општина Кавадарци.

               

3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВИТЕ

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

                -мотивационо писмо за учество во Локалното младинско собрание;

                -кратка биографија CV (во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите);

                – Портфолио за организацијата / групата/ здружението;

                – Писмо со номинација за делегатот и заменик –делегатот во Локалното младинско собрание

                -Кратка биографија за номинираниот делегатот и заменик –делегатот;

                Пријавите за членство во Локалното младинско собрание се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од   03.04.2023    година до 07.04.2023 година  или по пошта со назнака ,, За јавен повик за Локалното младинско собрание.

Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.

 

Иницијативен одбор

за организација и одржување на

Локално Младинско собрание на

Општина Кавадарци

Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање на предлог-проекти по приоритетните области

Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање на предлог-проекти по приоритетните области

На ден среда 29.03.2023 во просториите на општина Кавадарци беше одржан информативен состанок во врска со објавениот јавен повик за прибирање на предлог проекти од граѓанските организации од 24.03.2023 година.

На информативниот состанок  беше поставено прашање од страна на граѓанските организации за продолжување на рокот за поднесување на апликации по јавниот повик за прибирање предлог – проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита и спасување на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2023 година.

 Истото беше одобрено од страна на градоначалникот на општина Кавадарци д-р Митко Јанчев и се донесе заклучок за продолжување на јавниот повик со рок на поднесување на предлог проекти заклучно со вторник  18.04.2023 година.

Линк до Јавен повик.