Автор: Општина Кавадарци

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со проф.Димитрија Ангелков на која се разговараше за идни проекти иницирани од последниот изум на професорот.
Проф.Ангелков освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019 за “паметните канти”. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Доколку во кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите, која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника.
Градоначалникот Митко Јанчев и проф.Ангелков дискутираа за можна соработка во блиска иднина, најпрвин за сите јавни институции а потоа и поголеми проекти.
Со оглед на тоа што во изминатата година Кавадарци беше на второ место како Еко Општина ,секако дека ваквите проекти само ќе не однесат чекор понапред до првото место како Еко Општина.

 
Завршува асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур“

Завршува асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива завршува со асфалтирање на уште една улица од проектот МСИП, поддржан од Светска банка и ЕУ, кој се однесува на реконструкција на главните улици во градот.
Денеска завршува ревитализацијата на асфалтот на коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“. Обновен е стариот и дотраен асфалт на делницата од спојот со ул. „Ресавска“ кај „вториот триаголник“ па до ваташката пошта.
Со овој зафат општината ревитализира улица од регионален карактер која е главна сообраќајна артерија на Кавадарци во правец север-југ. Преку неа се одвива и целокупниот сообраќај кон селата од подкожувјето каде има значајни стопански капацитети.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ПАТЕКИ ПРЕД КОМПЛЕКСОТ ЗГРАДИ НА БУЛ „КОЧО РАЦИН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ПАТЕКИ ПРЕД КОМПЛЕКСОТ ЗГРАДИ НА БУЛ „КОЧО РАЦИН“

Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ реализираше проект на општината за партерно уредување на пешачки патеки и пристап пред зградите на булеварот „Кочо Рацин“.
Согласно проектот, претходно на оваа локација се изврши поплочување на тротоар на улицата „Орце Николов“, под хотелот „Уни Палса“ 1, се оформи делница на сообраќаен пристап, а со бехатон плочи се урбанизираше и пристап до влез во зграда.
Од овој простор, претходно се отстраниа лимени гаражи, се расчисти отпад и шут, се кастреше бујна вегетација, се изгради нов паркинг, а се прошири и преасфалтира постоен паркинг, потоа се огради спортски терен и се изврши хортикултурно уредување.
Просторот општината го урбанизира согласно програмата за комунална изградба, а на барање на жителите од овој дел на Урбаната заедница „Кула“.

РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива завршува со асфалтирање на уште една улица од проектот МСИП, поддржан од Светска банка и ЕУ, кој се однесува на реконструкција на главните улици во градот.
Денеска завршува ревитализацијата на асфалтот на коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“. Обновен е стариот и дотраен асфалт на делницата од спојот со ул. „Ресавска“ кај „вториот триаголник“ па до ваташката пошта.
Со овој зафат општината ревитализира улица од регионален карактер која е главна сообраќајна артерија на Кавадарци во правец север-југ. Преку неа се одвива и целокупниот сообраќај кон селата од подкожувјето каде има значајни стопански капацитети.

АСФАЛТИРАНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА„СТРАШО ПИНЏУР“- СПОРЕДНА

АСФАЛТИРАНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА„СТРАШО ПИНЏУР“- СПОРЕДНА

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба отстрани уште едно „тесно грло“ од уличната мрежа. Оперативата на ангажираната фирма го реализираше проектот за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречи дол“.
После проширувањето коловозната лента 2,8 метри се зголеми на 5 метри коловоз, со тротоар. Проширувањето е во должина од 100 метри, на делницата од спојот со главната траса на „Страшо Пинџур“ до спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.