ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „БРАЌА ЏУНОВИ“
Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев заедно со соработниците од општината, ЈП „Комуналец“ и полицијата имаше работна средба и со граѓаните од Урбаната заедница „Браќа Џунови“.
Во воведот, градоначалникот посочи дека овие средби ги реализира со цел директно од граѓаните да ги осознае нивните реални потреби и проблеми од комуналната сфера. Подвлече дека токму на ваквите средби граѓаните ги искажуваат реалните состојби на теренот во средината каде живеат, а врз основа на тие сознанија општината ја планира комуналната изградба за наредната година.
Општа констатација меѓу присутните граѓани беше дека во изминатите две години градоначалникот Јанчев преку општината реализираше низа значајни проекти кои го подигнаа стандардот на живеење во оваа централна Урбана заедница.
Во приоритетите за наредната година беа посочени повеќе комунални потреби пред се во делот на интервенции на повеќе улици кои досега не биле третирани во Програмата за комунална изградба.
Побара преасфалтирање на оштетениот дел од ул. „Браќа Џунови“ од старат градинка до улицата „Слога“, оформување паркинг на просторот помеѓу старите згради под зградата на општината, како и воведување на еднонасочен сообраќај на повеќе улици во оваа урбана средина каде поради централната поставеност најмногу се чуствуваат проблемите со прекумерниот сообраќај, а пред се непрописното паркирање.
Сите предлози на граѓаните ќе бидат вградени во Програмата за комунална изградба за 2020 година.