Автор: Општина Кавадарци

ОТСТРАНЕТА ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПСАНОСТ ПО ПЕШАЦИТЕ И СООБРАЌАЈОТ

ОТСТРАНЕТА ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПСАНОСТ ПО ПЕШАЦИТЕ И СООБРАЌАЈОТ

 Општина Кавадарци – Мој општинар, и екипа на ЈП „Комуналец“ денеска отстранија стар руиниран потпорен ѕид кој беше потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот на улицата „7ми Септември“.

Станува збор за стар ѕид од камен на локацијата кај старата Адвентистичка црква позната како „нововерската црква“. Комуналци го расчистија просторот со скип и трактор, при што отстранија извесно количество отпад и шут, неколку самоникни дрва, камења и земја.

Општината откако го расчисти просторот ќе изгради нов потпорен ѕид, со што ќе отстрани сериозна опасност по граѓаните кои го користат тротоарот  кој е еден од нафрекфентните.

 

ОШТЕТЕНИ РЕФЛЕКТОРИ И КАНДЕЛАБРИ НА СПОМЕН КОСТРУРНИЦАТА

ОШТЕТЕНИ РЕФЛЕКТОРИ И КАНДЕЛАБРИ НА СПОМЕН КОСТРУРНИЦАТА

Неодговорни лица, неодамна со своето деструктивно однесување направиле штета на рефлекторите и канделабрите од инсталацијата на Јавното улично осветлување на „Спомен костурницата“ во градскиот парк.

Оштетени се неколку рефлектори, од кои на еден целосно му е искршено заштитното стакло, а кај друг истото е распукано. Недоветните индивиди направиле штета и на неколкуте канделабри при што искршиле и оштетиле, лед светилки и кугли.

Општината целосно го обнови Јавното улично осветлување на костурницата и во градскиот парк, минатата година, предавајќи го на користење на граѓаните, но и на совеста за негова заштита.

Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите,а за непознатите сторители ќе се превземат соодветни законски санкции.

„ВИНСКА КУЌА“ СЕ АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

„ВИНСКА КУЌА“ СЕ АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

Проектот за „Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци“ во Градскиот парк се реализира непречено. Во оваа фаза се работи на поставување изолација на ѕидовите со термо фасадата. Досега е реализиран делот со изградбата на новата челична конструкција.

Реконструкција на Винската куќа, предвидува и замена на стариот покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување,

Финансиската конструкција изнесува 8.925.826  денари, од кои 3.096.460 денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци за 2019 година, додека останатите 5.829.366 денари се учество на Бирото за регионален развој.

Намената на реновираниот и адаптиран објект ќе биде „Вински музеј“ од регионален карактер. Во него ќе бидат изложени музејски артефакти,посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина и производи од грозје од производители од регионот, како и да се запознаат со тардицијата во производството на вино.

Општината Кавадарци проектот го реализира преку Бирото за регионален развој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Loading
ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

Ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци продолжува со реконструкција на дел од улицата „Полошка“. Денска се вршеше тампонирање и порамнување после што ќе следи поставување нови рабници, па асфалтирање на целокупната површина предвидена за ревитализација.

Според проектот целосно ќе се реконструраат 600 метри квадратни коловозна површина, како и 320 квадратни метри тротоари.

Во првата фаза беа отстранети: стариот асфалт, рабниците и дотраените бетонските тротоари.

Овој ком унален проект е дел од кампањата (мај-октомври) за реконструкција на  улици и објекти во урбаните и месните заедници во Општина Кавадарци.

Проектот се реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци.

Loading
НОВА ЛИНИЈА ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛОТО РАЕЦ

НОВА ЛИНИЈА ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛОТО РАЕЦ

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Коп-инжинеринг“ од Скопје, деновиве заврши со релизација на комуналниот проект за изградба на канализациона линија во селото Раец.

Според проектот се постави инсталација цевки и шахти за фекална канализација во должина од 510 метри. Се вградија корогирани ПВЦ цевки со профил фи.250мм.

Проектот е на барање на жителите од селото а се рализира во рамките на програмата за комунална изградба за 2019 година.