Автор: Општина Кавадарци

СООПШТЕНИЕ  За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план  за село Брушани, КО Брушани, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 05.04.2023 до 12.04.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  05.04.2023  година во 10.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

 Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци

 Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци

Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци.

По тој повод како благодарност од нивна страна градоначалникот Митко Јанчев доби уникатен подарок односно дрес со посвета: ,, Овој Тиквеш не би бил онаму каде што е да не сте вие, за се што направивте и правите, за ракометно Кавадарци, за спортско Кавадарци’’
Од срце ви благодариме г-дин Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци.

Во оваа прилика тој им честиташе за досегашните успеси, и им посака многу среќа во иднина бидејќи се сериозен кандидат за излез во Европа, да продолжат да се редат успеси

бидејќи Кавадарци е спортски град, а клубот заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига.

ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција на отпадни пластични шишиња и лименки

ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција на отпадни пластични шишиња и лименки

Градоначалникот д-р Митко Јанчев заедно со Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО, пред локалните компании Кожувчанка ДОО, ТД-ТД ДООЕЛ, Минекс ДОО, Маркет Дијана ДД, ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ, КАМ ДОО, Стокомак ДОО, ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Винарска визба Тиквеш и невладините Еко Живот Кавадарци, Еко Индикатор Кавадарци го презентираше новиот еколошки проект за селекција на отпадна пластика и отпаден метал (отпадни лименки) односно поставување на Вендинг машини на територијата на Општина

Кавадарци. Презентирањето на проектот пред горенаведените компании кои пуштаат во промет и тргуваат со амбалажа од отпадна пластика и отпаден метал (отпадни

лименки) е со цел да истите земат учество во истиот како општествено одговорни компании.

Целта на проектот е отпадната палстика и лименки во целос се селектира и собира во овие Вендинг Машини, а за тоа граѓаните на апликација да добиваат зелени поени односно по 1 денар за секое селектирано шише или лименка.

На ова претстои уште еден состанок на кој ќе се дефинираат бројот на Вендинг машините и компаниите кои ќе земат учество во овој современ еколошки проект.

 

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Врз осова на член 113 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (“Службен гласник на Општина Кавадарци” бр. 08/2005…75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК 

          За прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита и спасување на животна средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2023 година.

  

          Финансиските средства предвидени во Програмата G1 – Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од Општина Кавадарци за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Кавадарци за 2023 година, соодветни на приоритетните области и цели.

  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Документација

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

Врз основа на член 17, 17-а 17-б, 17-в, 17-г 17-д, 17-ѓ, 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, … 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија  (,,Сл.весник на РСМ“ бр.283/22) ,

Советот на Општина Кавадарци распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци

бр.01/23

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК 

Предмет на Јавниот повик е избор на  еден член на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци од областа на финасиското работење, со мандат до истек на мандатот на членовите именувани со Решение со арх.бр.08- 3766/2 од 14.06.2022 година (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци,, бр.16/22).

Јавното претпријатие за превоз на патници ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци со седиште на ул.,,Маршал Тито“бр.2 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на јавниот превоз на патници и превоз на ученици со основна дејност согласно НКД 49.39 – друг патнички копнен транспорт, неспоменат на друго место, со веб страна www.gpk.mk.