Автор: Општина Кавадарци

НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ

НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ

Општината Каваради преку службата за патишта и патен сообраќај денеска започна акција за поставување на нови знаци од вертикалната патна сигнализација.

Во наредниот периот на локациите на кружните текови, раскрсниците, пешачките острови и премини ќе се постават физички пречки за означување на сообраќајните површини, како и знаци за извесување во кружна и правоаголна форма кои се составен дел од вертикалната сообраќајна сигнализација.

Според проектот општината на овие локации ќе постави 300 пластични столбови во црвена боја со бели флуоресцентни ленти, за видливо означување и одделување на сообраќајните површини низ улиците во градот.

Со овој проект во значителна мерка ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

НОВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА  НА КРАК ОД ул.„ФЕВРУАРСКИ ПОХОД“

НОВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА КРАК ОД ул.„ФЕВРУАРСКИ ПОХОД“

Во рамките на програмата за интервентни зафати во градската водоводна и канализациона мрежа, Општината Кавадарци на барање на граѓаните деновиве реализира проект за замена на старата линија од азбестно цементни цевки, со нова линија од пластични цевки.
Се менува комплетната линија во должина од 50 метри. Со реализацијата на овој зафат жителите на овој дел од Кавадарци ќе добиат поквалитетно и непречено водоснабдување како и сигурен и безбеден зафат на отпадните и фекалните води.
Општината согласно програмата за комунална изградба на оваа улица ќе реализира и проект за целосно асфалтирање.

НЕМА ЛИСТИ ЗА ЧЕКАЊЕ ЗА ДЕТСКАТА ГРАДИНКA

НЕМА ЛИСТИ ЗА ЧЕКАЊЕ ЗА ДЕТСКАТА ГРАДИНКA

Нема веќе деца на чекање на листата во ОЈУ Детската градинка “Рада Поцева„.Со изградба и пуштање во работа, на Единицата „Снежана„ беа ставени во функција доградбите на постојните Единици во Кавадарци, со што се решава прашањето со згриженост на децата.

Општината ги вложи средствата за изградба а Министерството за труд и социјална политика ги опреми објектите, со што истите се веќе ставени во работа и се функционални.Нема веќе листи на чекање. Над 120 деца ке го најдат своето место во градинките.

Кавадарци е град каде наместо да паѓа , расте наталитетот.За децата се води максимална грижа.

Покрај деца, родители и граѓани на свеченоста во „Снежана„ присуствуваа:Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска,градоначалникот М-р Митко Јанчев,претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци-Горан Тодоровски,директорката на ОЈУДГ-Цанка Добринова .

На свеченоста децата од „Снежана“ изведоа пригодна програма.

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

Реализацијата на проектот на Општината Кавадарци за подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот е во полн ек.
Денеска екипи на ЈП „Комуналец“ и службата „Мој општинар“ работеа на „Западен Булевар“ кај СЦ „Јасмин“ каде се постави систем за наводнување. Просторот предвиден за хортикултурно уредување е со површина од 1.300 метри квадратни. Овде ќе се посее трева, ќе се засадат зимзелени декоративни садници, а ќе се оформи и дрворед од влезот во паркингот на салата до „старата бензинска“.
Проектот по идеја на градоначалникот Јанчев опфаќа повеќе локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување. Нови зелени површини ќе има на: ул.„Илинденска“, кејот во Ваташа, Булеварот „Цветан Димов“, ул, „Блажо Алексов“, просторот околу градинката кај ООУ „Гоце Делчев“, како и на улиците „Ѓоре Брушански“, ул.„Слога“ и ул.„Калница“ паркче во УЗ „Страшо Пинџур“.
Проектот треба да бидат завршен во тековната година.