ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО УЗ „КУЛА“
Проектот на општината Кавадарци за партерно уредување во Урбаната заедница „Кула“ продолжува. Сувото и пријатно време овозможува непречена реализација на проекти согласно Програмата за комунална изградба.
Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ работи на подготовка на теренот за партерно уредување на просторот околу комплексот згради што се наоѓаат кај спојот на булеварите „Никола Минчев“ со „Кочо Рацин“.
На оваа локација под хотелот „Уни Палса“ 1, се подготвува изградба на сообраќаен пристап, пешачки патеки и тротоари. Претходно беа паоставени и нови тенки рабници, по што треба да уследи тампонирање и поплочување.
Општината сега заокружува поголема комунална кампање на овој простор, од каде претходно се отстраниа лимени гаражи, се расчисти отпад и шут, се кастреше бујна вегетација, се прошири и преасфалтира паркинг, и се изградинов, се огради спортски терен и се изврши хорти културно уредување.