Автор: Општина Кавадарци

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект МСИП, за ревитализација на главните улици, финансиран од Европската Унија и Светска банка.

Денеска ангажираната оператива започна со гребење на стариот и дотраен асфалт на најстарата улица во градот познатата „Црквинска улица“, „Мито Хаџи-Василев“. Со овој зафат општината ја подготвува улицата за асфалтирање со нов слој фин асфалт.

За време на изведувањето на работите на оваа улица се воведува нов времен режим на регулација на сообраќајот.

За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за поефикасно и поквалитетно завршување на работите.

Loading
АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „ЦВЕТАН ДИМОВ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „ЦВЕТАН ДИМОВ“

Општината Кавадарци ќе ревитализира уште една глана улица во градот.

Денеска се реализира асфалтирањето на втората лента од булеварот „Цветан Димов“ на потегот од раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“ до спојот со „Северен булевар“ кај Хотел „ФЕНИ“. За време на викендов се асфалтираше прват лента од овој значаен булевар.

Асфалтирањето е во рамките на програмата за Ревитализација на главните улици во Кавадарци финансиран преку Проектот МСИП на Европската Унија и Светска банка.

Loading
ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

Оперативата на фирмата „КОП Инжинеринг“ работи на поплочување на тротоар на „Западен булевар“ кај спортската сала „Јасмин“. Ова е преостаната делница за поплочување на тротоарите на оваа регионална улица на локацијата кај новиот кружен тек  ВВ „Тиквеш“.

Според проектот треба да се поплочат последните 600 метри квадратни со павер елементи. Оваа изградба е во рамките на Програмата за комунална изградба 2019 година.

Со завршувањето на работите општината на граѓаните ќе им отстапи на користење  современ и урбанизитран простор на потегот од кружниот тек ВВ „Тиквеш“ до  раскрсницата кај „Градската капела“.

Loading
Градоначалникот Јанчев оствари средба со професори од средни училишта од Полска, Хрватска и Германија

Градоначалникот Јанчев оствари средба со професори од средни училишта од Полска, Хрватска и Германија

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со професори од средни училишта од Полска, Хрватска и Германија кои работат на проектот Дигитално учење -Европа од програмата ЕРАЗМУС во партнерство со СОУ Добри Даскалов. На средбата Градоначалникот даде целосна поддршка на проектот кој е во тек и на проекти кои ќе започнат во иднина.

Loading
Поплочување на тротоарите на крак од ул.„Страшо Пинџур

Поплочување на тротоарите на крак од ул.„Страшо Пинџур

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на поплочување на тротоарите на проширувањето на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.
Тротоарите се дел од се проширувањето на коловозната лента од сегашните 2,8 метри на 5 метри. Проширувањето е во должина од 100 метри, а е на делницата од главната траса на „Страшо Пинџур“ во правец на спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

Loading