Автор: Општина Кавадарци

Потпишан договорот за изградба на скејт парк

Потпишан договорот за изградба на скејт парк

Општина Кавадарци во соработка со Вардарски плански регион ќе го реализира проектот “Изградба на скејт парк со 7 елементи и уредување на пешачки и велосипедски патеки во Вардарскиот плански регион“.
Проектот е кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Општина Кавадарци учествува со околу 50% од вкупните средства. Голема благодарност до професионалниот скејтер Петар Вагенер од Германија кој веќе подолго време волонтира во Општина Кавадарци и беше најголем иницијатор за изградбата на скејт парк.

Loading
АВТОМОБИЛСКА БРЗИНСКА ТРКА

АВТОМОБИЛСКА БРЗИНСКА ТРКА

Во Кавадарци на патеката од Брана Моклиште до Витачево се одржа брзинска трка од Државно првенство на автомобилизам. Картинг организаторот од Скопје задоволен од условите за одржување на трката.

Градоначалникот Митко Јанчев освен што даде целосна поддршка на денешната трка имаше и свое учество и постигна одлични резултати. Овој терен е одличен за ваков тип на натпревари и со подобрување на условите, Градоначалникот вети дека ќе се потруди, Кавадарци и во наредните години да биде домаќин на автомобилизмот и ридските трки.

Беа прогласени најдобрите, меѓу нив е и Јанчев 4-ти во категоријата од 1600 кубици. Инаку во ова категорија најдобро време имаше Филип Василевски. Во категоријата од 2000 Е 1 кубици најдобар беше Димитриј Кимовски и 2000 Е 1+ Екрем Мемиши,1400 кубици Антонио Момировски а 1150 кибици Георгиј Наков.

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари

Да се помага на луѓето кои имаат потреба од помош е морална одговорност на сите нас. За жал , понекогаш животот ни приредува тешки моменти кои уште потешко се надминуваат. Марија Трајкова на своите 17 години остана без двајцата родители, остана сама да продолжи по патот полн со предизвици. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа, денес, и доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари за подмирување на наследени обврски се со цел безгрижно да го продолжи своето образование како доста солиден ученик на Медицинскиот факултет во Скопје.
Марија ни вети дека преку труд и учење ќе постигне добри резултати и еден ден ќе бидеме горди на неа.

Државно првенство во автомобилизам на ридски патеки

Државно првенство во автомобилизам на ридски патеки

По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се враќаат во Кавадарци, преку претстојниот ридско – брзински натпревар на патеката Кавадарци – Витачево. Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.
Оваа година натпреварот ќе се одржи на 28 ми и 29 ти септември на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км .
Свое учество во трката ќе земе и Градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

За оваа трка во двата дена се предвидени две локации, Градски плоштад и брана Моклиште.

Сабота – 28.09.2019 г.
Градски плоштад 10 часот започнуваат техничките прегледи и верификациите а потоа и поаѓање кон стазата за тренинг возење.

Недела – 29.09.2019 г.
Градски плоштад 9:30 часот Свечено отварање а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.

Поради оваа организирана трка се известуваат граѓаните дека патот во двата правци, од Брана Моклиште до Витачево во должина од 5,3 км , ќе биде целосно затворен за сообраќај во деновите сабота и недела од 10 до 14 часот.

АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денесак асфалтираше делница од улицата „Црноречка“. Според проектот на општината Кавадарци беа асфалтирани нови дополнителни 140 метри од оваа улица која минува до „Кавадаречки дол“.

И овој комунален проект општината го реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, а на барање на граѓаните од тој дел на Кавадарци.

Loading