Автор: Општина Кавадарци

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ од Кавадарци деновиве работи на поплочување на пристапен пат до црквата во селото Возарци.

Според проектот на општина Кавадарци во оваа фаза се поплочува површина од 400 метри квадратни, на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“ во правец на црквата.

Општината и овој проект го реализира на барање од граѓаните од селото Возарци.

Loading
ВО ВАТАША ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

ВО ВАТАША ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

Општината Кавадарци денеска реализираше уште еден комунален проект. Жителите на Ваташа добиа на користење уште една ревитализирана улица

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци заврши со поплочување на улицата „Перо Видев“ на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“. На оваа улица се спроведе поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.

Претходно општината преку ЈП „Комуналец“ на истата траса изврши реконструкција на водоводната линија во должина од 200 метри

И овој проект, општината го реализираше на барање на граѓаните, при што обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.

Loading

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ  НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Во рамките на програмата за комунална изградба Општина Кавадарци релизира проект за поплочување на дел од тротаорот на булеварот „Никола Минчев“.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е во фаза на поставување тампон на тротоарот од страната на новиот зелен пазар. На оваа позиција ќе се постават бехатон коцки на површина од 450 метри квадратни. Претходно на таа делница на местото на старите и дотраени  се поставиа нови рабници.

Со овој проект општината ќе урбанизира уште една целина од тротоарот на булеварот во правец кон спојот со „Северен булевар“.

Loading
ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Општина Кавадарци  предаде на користење на граѓаните уште еден успешен комунален проект. Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје заврши со поплочување на дел од тротоарот на улицата „Западен Булевар“ на делницата од паркингот кај „Градската капела“ до паркингот на ВВ „Тиквеш“.

На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставиа бехатон коцки, а на спојот со тревникот и мали рабници.

Со реализацијата на овој проект општината заокружи урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и најдобро уреден кружен тек во градот, кај Винарската визба „Тиквеш“.

Loading
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ЦВЕТАН ДИМОВ“

ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ЦВЕТАН ДИМОВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната компанија „Бетон“ од Скопје, започна со ревитализација на уште една улица од проект за Реконструкција на главните улици.

Деновиве се работи на подготовка на теренот за завршната операција поставување на нов слој на асфалт, на делот од булеварот каде има најголеми оштетувања.

Градежната оператива соглсано проектот постави нови рабници на коловозот кај хотелот „ФЕ-НИ“. По ова ќе уследи гребење на стариот и дотраен асфалт, и подготовка на коловозните ленти за завршното асфалтирање.

Ревитализацијата на оваа улице е во склопна проекотт МСИП на Општината, Европската Унија и Светска Банка.