ИЗГРАДЕНИ СКАЛИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“
Успешно е завршен проектот од комуналната изградба на улицата „25-ТИ Мај“. Оперативата на фирмата „Градба промет“ ги изгради пристапните скали кои поврзуваат две нивоа на оваа улица веднаш до потпорниот ѕид.
Со ова се комплетираа градежните активности. Претходно општината избрши пробивање на улицата со асфалтирање. По што уследи изградба на крак над потпорниот ѕид, со рабници и бетонска подлога на коловозот, а завршната фаза беше изградбата на пристапните скали.
Општината и овој проект го реализираше на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци. Сега повеќето индивидуални станбени објекти имаат урбанизиран и безбеден пристап за возила и пешаци.