Општината Кавадарци успешно реализираше уште еден значаен комунален прокет. На користење на граѓаните на Кавадарци е предаден обновениот парк „Полана“.
На оваа локација општината најпрвин оформи нови парконг места со косо паркирање, потоа спроведе подобрување на јавното осветлување со ниски канделабри и ЛЕД светилки, а целосно ги обнови зелените тревни површини. Посадени се и ниско стеблести украсни растенија, а екипа на ЈП „Комуналец“ спроведе и целосно нова линија за полевање на сите зелени површини во паркот.
Претходно беа обновени реквизитите на детскиот забавен парк, а се поставиа и фитнес справи како донација од компанијата „Кока Кола“.
Општината со овој проект беше принудена да зафати одреден мал процент од јавната површина на паркот, но за возврат со урбанизацијата граѓаните добиа уште еден уреден комунален објект за одмор и рекреација.