Автор: Општина Кавадарци

НОВИ 17 ПАРКИНГ МЕСТА

НОВИ 17 ПАРКИНГ МЕСТА

Општината Кавадарци преку специјализираната група на ЈП „Комуналец“ изврши обележување со хоризонтална патна сигнализација на новиот паркинг простор на улицата „Тиквешко востание“.
На оваа локација се добиа 17 нови паркинг места кои ќе овозможат дополнителен уреден простор на јавниот паркинг во строгото централно подрачје на Кавадарци.
Претходно општината на овој дел спроведе расчистување на терено, тампонирање, изградба на ограда, поставени се нови рабници и целосно се поплочи новата паркинг површина

ПОСТАВУВАЊЕ НА БЕТОНСКА ПОДЛОГА НА КРАK ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

ПОСТАВУВАЊЕ НА БЕТОНСКА ПОДЛОГА НА КРАK ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна поставување на бетонската подлога на коловозот на крак од улицата „25-ТИ Мај“.
Според проектот се работи на бетонирање на улицата која се наоѓа над големиот потпорен ѕид. Предвидено е да се бетонираат 400 метри квадратни. По бетонирањето ќе следи изградба пристапни скали.
Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап на жителите од тој дел на градот. Општината со овој зафат им решава децениски проблем. Тие повеќе нема да газат прашина и кал.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ

Општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ апелираат до возачите за покоректен и дисциплиниран однос кон привремениот режим за одвивање на сообраќајот по градските улици и паркинзите, посебно при обележувањето на хоризонталната патна сигнализација.
Се информираат имателите на моторни возила и граѓаните, во екот на градежната сезона и кампањата на општината за реконструкција на главните сообраќајници, секојдневно да ги следат локалните медиуми и официјалната ВЕБ страница на општината, како и интерне порталите, каде се објавуваат соопштенија за градежните активност.
Со тоа ќе бидат навреме информирани, како и предупредени, и тие со нивниот коректен одност да создадат услови за квалитетно изведување на работите како и обележување на хоризонталната патна сигнализација со навремено отстранување на нивните непрописно паркирани возила.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА  „ДАСКАЛ КАМЧЕ“ ВО ВАТАША

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ДАСКАЛ КАМЧЕ“ ВО ВАТАША

Општината Кавадарци продолжува со комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци денеска ги вадеше старите гранитни коцки од улицата „Даскал Камче“ во Ваташа.

Според проектот на нивно место ќе бидат поставени бехатон плочки на вкупна површина од 270 метри квадратни.

Ова е првата од неколкуте улици во селото Ваташа кои во наредниот период ќе бидат реконструирани.

Општината овој проект го реализира на барање на жителите од Ваташа.

 

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци деновиве постави типизирана нова урбана опрема на кејот-шеталиште во Ваташа.
Според проектот беа поставени 70 клупи на бетонски држачи со дрвени седишта, како и 60 корпи за отпадоци. Долж новиот кеј се поставени и 4 типизирани метални мостово.
Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, се обезбеди урбанизиран простор за ваташани, како и регулирано речно корито за прифаќање и на екстремните води во реката Луда Мара.