Автор: Општина Кавадарци

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА  КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

Ангажиратата оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е активна на завршните работи од реализацијата на сообраќајниот проект на општината Кавадарци кружен тек на улицата „Западен булевар“ кај Винарската визба „Тиквеш“.

ДФеновиве се изведуваат градежните активности на поплочување на тротоарите и пешачките острови со павер елементи. Претходно беа поставени и високите столбови со ЛЕД всетилки како дел од Јавното улично осветлување.

Овој проект е во завршна фаза на реализација, а со вкупната површина од 3 000 метри квадратни тоа е најголемиот урбанизиран кружен тек во градот.

ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општина Кавадарци звршува со реализација на сообраќајниот проект за означување со вертикална и хоризонтална патна сигнализација на новите кружни текови во градот.

Денеска паралелно се работеше на поставување сообраќајни знаци, како и на обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Специјализираната фирма „БОЈТА-инг“ од Скопје под надзор на надлежната сообраќајна служба од општината постави 80 сообраќајни знаци на 40 столбови и тоа на двата кружни текови на улицата „7 Септември“ како и на кружниот тек на ул. „Тиквешко востаниа“ поранешен прв триаголник.

Активности на патната сигнализациа се одвиваа и на кружниот тек кај Винарската визба „Тиквеш“ каде се спроведуваше хоризонтално обележување на коловозните ленти, на пешачките премини и пешачки острови, како и обележување на границите на кружниот тек.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАРКИНГ МЕСТА НА  УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАРКИНГ МЕСТА НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Општината го зголемува бројот на расположивите паркинг места во централното градско подрачје.

Ангажираната оператив завршува со реализација на проектот, поплочување на запуштен простор на улицата „Тиквешко востание“. Откако претходно беше отстранет шутот и земјата, местото се порамни, се поставија рабници и тампон, по што следеше редење на бехатон коцки.

Вкупната површеина изнесува 400 квадратни метри, каде ќе се обележат дваесеттина нови паркинг места.

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

Продолжува реализацијата на капиталниот проект на општината за реконструкција на главните сообраќајници во градот.

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со засфалтирање на делница од булеварот „Моша Пијаде“. Според планот се асфалтира коловозната лента од стариот кружен тек кај автобуската станица во правец кон новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“.

Согласно динамиката на работа, втората коловозна лента од овој булевар ќе се асфалтира утре.

Заради изведување на работите на оваа улица владее времен режим на одвивање на сообраќајот.

Општината Апелира до возачите да се придржуваат на времените правила на сообраќај, во интерес на квалитено и навремено изведување на работите.

Loading
СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГОТ  ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

Ангажираната фирма „Изолација“ започна со асфалтирање на реконструираниот и проширен паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под Хотел „Балкан“.

На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината изгради нов паркинг, кој денеска и утре ќе се асфалтира. Во склоп на овој проект се асфалтират и два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, од кој оној во правецот на ул. „7-ми Септември“ ќе биде отворен за сообраќај во една насока од паркингот кон споменатата улица.

На оваа локација општината ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.

Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци ќе урбанизира еден неправедно запуштен простор во најстрогиот центар на градот, а во многу ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот.