Автор: Општина Кавадарци

328 првачиња во 23 паралелки денес почнуваат со настава во Општина Кавадарци

328 првачиња во 23 паралелки денес почнуваат со настава во Општина Кавадарци

Почитувани,

   Во Општина Кавадарци денес почнуваат со настава 328 првачиња во 23 паралелки, вклучувајќи ги и подрачните училишта. Ние како општина непрекинато работиме на подобрување на условите во сите училишта но нашата општина. Во изминатите години се вложуваше многу во подобрување на училишните згради, вториот дом на нашите ученици. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме трендовите во образованието и за децата ќе обезбедуваме место кое ќе биде инспирација за нови знаења.

Новиот почеток секогаш претставува предизвик преку кој неуморно сакаме да учими за нешто ново, нешто непознато.

     Денес започнува уште една учебна година. Верувам , дека денес сите ученици се возбудени и нестрпливо го очекуваат запознавањето со новата учебна година. Ова е почеток на ново скалило во животот на нашите најмили.

   Најголем предизвик пред себе имаат првачиња со почетокот на нивниот нов начин на живеење. Пред вас, драги првачиња е еден непресушен извор на знаење од кој треба непрекинато да учите и да се надградувате. Во оваа учебна година ќе се запознаете со многу нови работи, ќе ги запознаете буквите и бројките. Пред вас е година во која ќе ги научите основите за градење на големи успеси.

   Сакам да им посакам среќа и на оние кои се столбот на писменоста на нашите деца. Драги просветни работници, ви посакувам уште една година која ќе биде богата со успех кој вие го пренесувате на нашите деца. Посакувам да имате успешна година која на крајот ќе покаже резултат со многу одлични и примерни ученици. Вие сте вторите родители на нашите деца, верувам дека за вашета посветеност тие ќе ви возвратат со големи успеси и многу знаење.

Среќно ученици, Среќно првачиња.

Ви благодарам,„-

се вели  во обраќањето на Градоначалникот Митко Јанчев по повод почетокот на учебната 2019/ 2020 година.

 

ПОТПИШАНИ ДОГОВОР ЗА АНГАЖМАН НА ЛИЦА ЗА ВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ

ПОТПИШАНИ ДОГОВОР ЗА АНГАЖМАН НА ЛИЦА ЗА ВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ

  Во Општина Кавадарци беа потпишани и доделени 17 договори за времено ангажирање на навработени лица преку проектот „Креирање можности за работа за сите”, Програма „Општинско-корисна работа 2019 “.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на 14 негувател/ки на стари лица во домашни услови во период од 6 месеци и 3 лични асистенти во училиштата за учениците од општинските училишта кои имаат телесен или ментален инвалидитет и наидуваат на проблеми во наставно- воспитниот процес во период од 9 месеци..

Ангажираните невработени лица вклучени во Програмата ќе бидат ангажирани за 20 (дваесет) работи часови неделно. Ќе бидат исплатени со паричен надоместок за работно ангажирање во бруто износ од 9.000 денари месечно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Општината во вкупното финансирање учествува со 20%, додека УНДП со 80% во месечниот надоместок.

Програмата Општинско-корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Програмата, исто така има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната и здравствената сфера да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа.

Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, УНДП и Општина Кавадарци. 

ПО КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ ПОСТАВЕНИ ПАТОКАЗИ ЗА ТУРИСТ

ПО КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ ПОСТАВЕНИ ПАТОКАЗИ ЗА ТУРИСТ

Општината во соработка со повеќе општествено одговорни компании, започна со поставување на типизирани патокази за туристи.

Според проектот изготвен од Одделението за туризам во општината, на 35 дрвени столбови се поставуваат 370 патокази наменети за туристите. Преку нив гостите на Кавадарци ќе се информираат за локациите на институциите, значајните објекти, културно историските споменици, излетнички места и за локациите на рестораните и кафулињата во градот.

Донацијата ја овозможија компаниите: „Илино промет“, „БОМА Дизајн“, „МЕНСЕН“ ДООЕЛ, „Кожувчанка“ и ЈП „Комуналец“, сите од Кавадарци.

Преку овој проект Градот добива уште една нова дименизии на урбана средина со функционалност и уреденост од висок степен.

Loading
НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

  Општина Кавадарци финишираше со реализација на проектот за ревитализација на улицата „Тиквешко востание“ на потегот од првиот триаголник до плоштадот.

Ангажираната оператива денеска заврши со поставувањете на нова асфалтна подлога на делот кај градскиот плоштад.

Финансиската конструкција е обезбедена преку грант за успешност од Светска Банка. Во склоп на проектот се изврши проширување на улицата, поплочување на тротоарот од спојот со плоштадот кај општината до спојот со улицата „Миле В‘чков“, се поставиа нови рабници, како и кружен тек кај „првиот триаголник“.

 

Loading
РОТАРИ КЛУБОТ  СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КАВАДАРЦИ

РОТАРИ КЛУБОТ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КАВАДАРЦИ

  Општина Кавадарци денеска постави нова чешма донација од „Ротари клубот“ Кавадарци. Чешмата е подарок на кавадаречките ротаријанци за граѓаните на општината.

Екипа на ЈП „Кмуналец“ ја постави чешмата на платото пред седумкатницата,  на местото каде досега имаше фонтана.

Овој нов донаторски гест на Ротари клубот е продолжение на нивните досегашни активност заедно со општината да донираат во функција на подигање на стандардите на живеење и урбанизација на околината.

Loading