Автор: Општина Кавадарци

ОТСТРАНЕТ СТАР ПЕШАЧКИ МОСТ ВО ВАТАША

ОТСТРАНЕТ СТАР ПЕШАЧКИ МОСТ ВО ВАТАША

  Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, како дел од проектот за изградба на Кеј шеталиште во Ваташа отстрани стар и дотраен пешачки мост.

Се работи за мостот кој од главната улица води кон  улицата „Перо Видев“ односно до „Грковата чешма“. Овој мост беше руиниран и дотраен, и потенцијална опасност за пешаците.

Општината согласно проектот за новиот Кеј на истата локација постави типизиран метален мост, ист како пешачките мостови на кејот во Кавадарци.

Со овој зафат општината ја подигна безбедноста нас пешаците на повисоко ниво, потенцијалната опасност ја сведе на минимум и го разубави ликот на тој дел од Ваташа.

OСНОВНИОТ СУД ВО КАВАДАРЦИ СО ПРОШИРЕНИ НАДЛЕЖНОСТИ

OСНОВНИОТ СУД ВО КАВАДАРЦИ СО ПРОШИРЕНИ НАДЛЕЖНОСТИ

Во просториите на општинската зграда, свое излагање имаше д-р Лазар Нанев. На оваа презентација беа присутни Градоначалникот м-р Митко Јанчев, претставници од бизнис секторот и правници од локалната самоуправа. Со најновите измени и дополнувања на Законот за судови во делот за утврдување на надлежноста на судовите со проширена надлежност се вметнува Основниот суд во Кавадарци, за кого се наведува дека ги врши работите од проширена надлежност не само на својата територија туку и на подрачјето на Основниот суд во Неготино. Овие измени во Законот за судови беа тема на денешната презентација преку која бизнис секторот и локалната самоуправа се запознаа со овие измени.

АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

АСФАЛТИРАЊЕТО КАКО ЗАВРШНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Општина Кавадараци преку знгажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од улицата „7-ми Септември“, на потегот од раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов и „Браќа Џунови“, до раскрсницата кај салата „Партизан“, со што се влезе во завршна фаза од реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница.

            Претходно на овој дел од улицата се спроведе: реконструкција на тротоарот со отстранување на дотраените и оштетени плочи, се подготви подлогата, потоа се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот.

            Според проектот општината изврши поплочување на тротоарот од павер елементи на површина од 900м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во асфалтиран паркинг со нивото на улицата со корисна површина од 1.000 квадратни метри.

             Со овој зафат општината ревитализираше коловоз и тротоар на  централната улица во градот која води од центарот кон градскиот парк „Љупчо Шкартов“ и стадионот.

            Општината на овој потег изгради и два кружни текови, а со уредувањето создаде побезбедни услови за пешаците, и за одвивање на сообраќајот.

СООБРАЌАЈНО УРЕДУВАЊЕ НА  ПОДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ

СООБРАЌАЈНО УРЕДУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ

Општина Кавадарци преку специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ денеска реализираше проект за сообраќајно обележување на подземниот паркинг кај старат „стоковна“.

Со бела боја се офарбаа ѕидовите на висина од 1,60 метри, а беа обележани и хоризонталните линии кои означуваат 22 паркинг местата. Според проектот влезот во паркингот ќе биде обележан со правоаголни линии во црна и жолта боја, а со истата црно жолта шара на висина од 1,60 метри ќе се обележат и столбовите.

Со вој проект општината после низа години интервенира во сообраќајно уредување на јавната подземна гаража.

Loading
Асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново

Асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од главната селска улица во Дреново. Нов асфалт доби делницата од триаголникот на влезот, покрај училиштето до центарот на селото. 
Претходно фирмата „Коп Инжинеринг“ од Батинци го реализираше комуналниот проект за изградба на атмосферска канализација во селото Дреново. Со пари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградбa се реализира проектот за поставување нова линија во должина од 130 метри, на потегот од центарот на селото, до кружниот тек на влезот во Дреново.
На оваа локација се поставувaat нови цевки со профил фи 400, вкопани во земја, како и две решетки за зафаќање на атмосфреските води.
Општината на оваа локација изврши проширување на улицата, како и поставување на нов асфалт.

Loading