Автор: Општина Кавадарци

МОТОР  BMW ДОНАЦИЈА ОД КОЖУВЧАНКА ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА

МОТОР BMW ДОНАЦИЈА ОД КОЖУВЧАНКА ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА

„Кожувчанка“ како потврдена пштествено одговорна компанија денеска на Општина Кавадарци и донираше мотор од марката BMW профилиран според стандардите на сообраќајната полиција.

Градоначалникот м-р Митко Јанчев денеска овој мотор го предаде на користење на Полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Со оваа нова донација, се обнови и збогати возниот парк на кавадаречката полиција која сега доби превозно средство за поефикасно работење на одделот на сообраќајната полиција.

Loading
СЕ ОБНОВУВА ФАСАДАТA НА СЕДМАТА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

СЕ ОБНОВУВА ФАСАДАТA НА СЕДМАТА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

Проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје продолжува со санирање на фасадата на зградата на улицата „Тиквешко востание“ спротив општината.

Ова е седмата зграда на која Општината преку оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и олуците.

Според проектот остануваат да се обноват фасадите на уште пет згради.

Loading
АСФАЛТИРАН КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

АСФАЛТИРАН КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци и ангажираната фирма „Градба промет“ успешно реализираа уште една фаза од комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Денеска беше извршено асфалтирањето со завршниот фин слој на целата површина.

Ова сообраќајно решение со кружен тек е проектирано за експресно и безбедно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.

Овој „турбо“ кружен тек се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“, зафаќа површина од 3000м2. Согласно стандардите досега е изведена комплетната сообраќајна и комунална инфраструктура.

Во наредната фаза ќе се реализираат деловите од проектот кои се однесуваат на јавното улично осветлување, како и на хорти културното уредување.

Со оглед на тоа дек престојат уште неколку фази на изградба Општината апелира до сите учесници во сообраќајот и натаму да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Општината Кавадарци во овој современ кружен тек инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

АСФАЛТИРАН ПРИСТАПОТ ДО НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

АСФАЛТИРАН ПРИСТАПОТ ДО НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Во селото Ваташа денеска беше асфалтиран пристапот до новиот мост и проширувањето на патот после мостот на регионалниот пат кон Витачево.

Оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица го постави првиот порамнителен слој асфалт на вкупна површина од 1390 квадратни метри. Во наредната фаза ќе се работи на пристапот до новиот мост на жителите од тој дел на Ваташа, односно на пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде видно променет. Финиот слој на асфалет ќе се постави во завршната фаза кога ќе се асфалтира и коловозната површина на новиот мост..

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

ОБЈЕКТОТ „ВИНСКА КУЌА“ СЕ РЕКОНСТРУИРА И АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

ОБЈЕКТОТ „ВИНСКА КУЌА“ СЕ РЕКОНСТРУИРА И АДАПТИРА ВО „ВИНСКИ МУЗЕЈ“

Општина Кавадарци преку Бирото за регионаленразвој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион започна со реализација на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци”.

Проектот опфаќа реконструкција на Винската куќа, со замена на покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, нова челична конструкција, изолација на ѕидови, како и зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување,

Вкупната сума на проектот изнесува 8 925 826  денари, од кои 3 096 460 денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци за 2019 година, додека останатите 5 829 366 денари се учество на Бирото за регионален развој.

Намената на реновираниот и адаптиран објект ќе биде „Вински музеј“ од регионален карактер. Во него ќе бидат изложени музејски артефакти,посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина и производи од грозје од производители од регионот, како и да се запознаат со тардицијата во производството на вино.

Loading