Автор: Општина Кавадарци

ВО ВАТАША СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

ВО ВАТАША СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ ја спроведува последната фаза на проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.

На површина од 350 квадратни метри се поставуваат павер елементи на потегот од кејот на реката Луда Мара до старата селска чешма.  Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија.

Во тек е тендерска постапка за продолжување на работите за поплочување на целата должина од улицата.

 

НОРВЕШКА СО ГРАНТ ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ШУМАРСКОТО УЧИЛИШТЕ

НОРВЕШКА СО ГРАНТ ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ШУМАРСКОТО УЧИЛИШТЕ

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска го потпиша договор за грант средства за проектот „Подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во СО ЗШУ „Ѓорче Петров”.

Парите се обезбедени од проектот „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија-ЦФП 03-2019“, преку Канцеларијата на Обедните нации во нашата земја. Вкупната вредност на Проектот е 4.950 000 денари (90.000 USD), каде преку ко-финансирање учеството на општината е во износ од 300.000 денари.

Проектот опфаќа подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во СО ЗШУ „Ѓорче Петров“ преку промена на кровната конструкција, поставување на енергетска термо фасада и други мерки за подобрување на енергетската ефикасност.

Општината грантот го обезбеди преку Секторот за Локален економски развој, кој изготви содржаен проект согласно високите критериуми по јавниот повик на канцеларијата на Oбединети Нации за проектни услуги (УНОПС)-проект: „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија-ЦФП 03-2019“.

Овој проект во многу ќе придонесе за подигање на стандардите на образование во регионалното училиште, како и за враќање на рејтингот за квалитетот на образованието, во привлекување на идните средношколци.

Loading
ИЗГРАДЕН АРМИРАНО БЕТОНСКИОТ ПОТПОРЕН ЅИД  НА УЛИЦАТА„ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

ИЗГРАДЕН АРМИРАНО БЕТОНСКИОТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА„ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Завршен уште еден комунален проект со чија изградба се реши значаен комунален проблем за дел од жителите на улицата „Ѓоре Брушански“.

Општина Кавадарци преку знгажираната фирма „„Мулти градба“ изгради армирано бетонски потпотен ѕид во должина од 16 метри. Ова беше втора фаза од проектот кој започна да се релизира минатата година.

Со изградбата на армирано-бетонскиот ѕид се стабилизира земјиштето, а се дооформи и коловозот на двете улици под и над ѕидот.

Loading
ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Завршена е изградбата на улицата „Ќиро Каракулев“ на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, па до последниот станбен објект.

Актуелното раководство на Општина Кавадарци конечно го реши децениискиот проблем на жителите од тој дел на Кавадарци. Проектот кој е реализиран на барање на граѓаните опфати изградба на урбанизирана улица која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.

Loading
ИЗГРАДЕН ПОТПОРЕН ЅИД  И ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

ИЗГРАДЕН ПОТПОРЕН ЅИД И ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

Оперативата на ангажираната фирма „Коп инжинеринг“ деновиве работи на  поплочување на дел од улицата „Владимир Назор“. Општина Кавадарци го реализира овој проект на барање на жителите.

Проектот на општината опфаќа изградба на потпорен ѕид, поставување рабници за формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на на атмосферските води.

Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ добиа стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, а пред се заштита од евентуални поплави, кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.