ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“
Ангажираната фирма „Градба промет“ денеска започна со асфалтирањето на сообраќајно-комуналниот проект-Кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Општината овде гради современо сообраќајно решение за експресно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.
Оперативата работи на поставувањето на порамнителниот (прв слој) асфалта, а според динамиката на работите асфалтирањето ќе се одвива во наредните пет денови.
Овој „турбо“ кружен тек се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“, зафаќа површина од 3000м2, а согласно стандардите е со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на целосно ново јавно улично осветлување и хорти културно уредување.
Општината Кавадарци инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.
Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за време на асфалтирањето на кружниот тек да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.