Автор: Општина Кавадарци

ВОЗАРЦИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

ВОЗАРЦИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

На барање на жителите од Возарци општината реализира проект за изградба на детска градинка. Градбата е во поодмината фаза во која се работи на ноавта термо фасада, поставена е нова ПВЦ столарија, обновена електро инсталација, како и звучна и термо изолација на таванот.
Станува збор за преадаптација на поранешната амбуланта, која сега со реконструкцијата ќе функционира двонаменски. Во делот за градинка ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри ќе има: занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. додека Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.
Со овој проект општината обезбедува подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандард за живеење.

ПОДГОТОВКА НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“ ЗА НОВ АСФАЛТ

ПОДГОТОВКА НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“ ЗА НОВ АСФАЛТ

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за ревитализација на улицата „Тиквешко востание“ на потегот од првиот триаголник до плоштадот.
Ангажираната оператива денесак изврши гребење на стариот и дотраен асфалт, како подготовка за поставување на нова асфалтна подлога.
Финансиската конструкција е обезбедена преку грант за успешност од Светска Банка, а во склоп на проектот се изврши проширување на улицата, поплочување на тротоарот од спојот со плоштадот кај општината до спојот со улицата „Миле В‘чков“,се поставиа нови рабници, како и трансформирање на „првиот триаголник“ во кружен тек.

ЗАПОЧНА ОБНОВАТА НА ФАСАДАТ НА ЗГРАДАТА „ТУТУНСКА“

ЗАПОЧНА ОБНОВАТА НА ФАСАДАТ НА ЗГРАДАТА „ТУТУНСКА“

Продолжува проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје.
Оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ започна со обнова на фасадата на зградата „Тутунска“ на улицата „Илинденска“. Ова е шестата зграда на која Општината врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и олуците.
Според проектот остануваат да се обноват фасадите на уште шест згради.

Пресадени дрвја на улица 7-Септември

Пресадени дрвја на улица 7-Септември

Општина Кавадарци во координација со ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ денеска на нова локациа дислоцираа две листопадни дрва од видот „Ликвидамбар“.
Акцијата беше спроведена во рамките на проектот за реконструкција на улицата „7 Септември“. По изградбата на кружен тек на оваа улица на спојот со улицата „Цано Поп-Ристов“ се јави потреба од проширување на коловозната лента со одземање на дел од тротоарот.
На тоа место се наоѓаа две повеќегодишни дрва од вид на јавор. Наместо да го пресечат, надлежните од општината и „Комуналец“ превзеде акција за нивна дислокација. Дрвата беа стручно отстранети и засадени во тревникот над кејот на улицата „Браќа Џунови“.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГОТ ПОД  ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

Општина Кавадарци реализира нов комунален сообраќаен проект. Ангажираната фирма „Изолација“ започна со подготвителните работи за реконструкција и проширување на паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под Хотел „Балкан“.
Градежната механизација денеска го отстрануваше стариот и дотраен асфалт, работеше на расчистување на теренот, како и на нивелирање на улицата „Тошо Велков-Пепето“.
На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината ќе изгради нов паркинг, ќе асфалтира два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, а ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.
Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци во многу ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, а воедно ќе урбанизира еден неправедно запуштен простор во најстрогиот центар на градот.