Автор: Општина Кавадарци

Ранг листа на предлог проекти од јавниот повик во рамките на ReLOaD

Ранг листа на предлог проекти од јавниот повик во рамките на ReLOaD

Ранг листа на предлог проекти од организациите на граѓанското општество добиени на
јавниот повик во рамките на ReLOaD проектот отворен од 11.04.2019 до 23.05.2019.

ПОЧЕТОК НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

ПОЧЕТОК НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со работа на реализација на проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.
Денеска се отстрануваше гранитната коцка и расчистување за подготовка на теренот. Според проектот во оваа фаза е предвидена обнова на површина од 350 квадратни метри. Овде ќе бидат поставени нови рабници, тампон и на крајот ќе се поплочи со бехатон. Во тек е тендерска постапка за продолжување на работите за поплочување на целата должина од оваа улица.
Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија.

ПРИВРШУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦАТА „ЌИРО КАРАКУЛЕВ“

ПРИВРШУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦАТА „ЌИРО КАРАКУЛЕВ“

Градежните работи на улицата „Ќиро Каракулев“ влегуваат во завршна фаза. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на поставување на бехатон плочките како завршна фаза од реализацијата на проектот.
После низа децении Општината со овој проект изврши урбанизирање и хуманизирање на просторот за граѓаните од овој дел на Кавадарци кои конечно ќе имаат подобри услови за комуникација.
На оваа локација општината претходно отстрани стар куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“

ОФОРМЕНИ КОНТУРИТЕ НА ПРОБИЕНАТА  УЛИЦА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

ОФОРМЕНИ КОНТУРИТЕ НА ПРОБИЕНАТА УЛИЦА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

Улицата „Ќиро Каракулев“ ги добива своите контури. Ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ ги постави рабницита долж делницата предвидена за градба на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник,па до последниот станбен објект.

Изградбата на оваа улица е на задоволство на жителите од тој дел на Кавадарци на чие барање сегашното раководсво наопштината конечно го реши нивниот деценииски проблем. Проектот предвиде изградба на урбанизирана улица со оптимални димензии согласно теренот која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива започна со реализација на проектото за реконструкција на булеварот „Моша Пијаде“. Станува збор за ревитализација на уште една улица од проектот за обновување на главните улици во Кавадарци.

Гребењето на стариот и дотраен асфалт на булеварот ја опфаќа делницата помеѓу кружниот тек кај автобуската станица, па до новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“. Откако ќе биде отстранет дотраениот асфалт, на оваа делница ќе биде поставена нова асфалтна маса, како и обновена хоризонталната патна сигнализација.

Општинатаапелира до граѓаните да го послушаат апелот и да ги отстранат возилата од овој дел на булеварот, како би можело градеѓната оператива во целост да ги реализира зацртаните работи за ревитализација на оваа значајна сообраќајница.