Автор: Општина Кавадарци

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

Започнаа градежните работи за изградба на улицата „Киро Каракулев“. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на вадење на гранитната коцка, како и на проширување и формирање на профилот на пробиената таса.

Според проектот на Општина Кавадарци, изработен врз основа на барањата на жителите од оваа улица, изведувачот на работите во наредната фаза ќе постави, тампон и нови рабници, после што во крајната фаза новата улица ќе се попшлочи бехатон коцки.

На оваа локација општината претходно отстрани стар куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“

Со овој проект општината обезбедува урбанизирање и хуманизирање на просторот за граѓаните од овој дел на Кавадарци кои  после низа децении конечно ќе имаат подобри услови за комуникација.

ОБЈАВА број 3/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци

ОБЈАВА број 3/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за дел од УБ 4К, населба ,,Парк“ – Кавадарци 2011-2016,донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-3002/7 од 28.06.2013 година, за изградба на објекти со намена А1 – домување во станбени куќи (компатибилна класа на намена Б1-30% – мали комерцијални и деловни намени)согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

2.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ,донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена -семејни куќи согласно Табеларен преглед2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Read More

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЕЈ-ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЕЈ-ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

 Новиот кеј-шеталиште во селото Ваташа го добива својот проектиран изглед. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци, деновиве работи на обновување на оштетените делови од „шкарпата“ на големото корито на локацијата меѓу амбулантата во селото и фудбалското игралиште на ФК „Габер“.

Овој капитаелн проект на Општина Кавадарци досега е реализиран во голем процент. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Поставена е нисконапонска линија со канделабри од јавното улично осветлување, како и пешачките мостови.

Со реализацијата на овој проект општината ќе урбанизира и ќе уреди уште еден дел од коритото на реката „Луда Мара“ на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат во вкупна должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Loading
ДВА НОВИ КРУЖНИ ТЕКОВИ НА УЛИЦАТА „7СЕПТЕМВРИ“

ДВА НОВИ КРУЖНИ ТЕКОВИ НА УЛИЦАТА „7СЕПТЕМВРИ“

Реализацијата на проектот за ревитализација на улицата „7ми Септември“ се одвива непречено. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива работи на неколку фронтови на делницата од мостот кај „Јаворот“ до раскрсницата кај ДТВ „Партизан“.

Токму на овие две локации според планот се изградиа два кружни текови, како ново сообраќајно решение.

Придобивките од нивната изградба се почуствуваа веднаш. Ова особено се однесува за спојот на улицата „7ми Септември“ со улиците: „Цано Поп-Ристов“, „Браќа Џунови“ и „Блажо Алексов“ каде повеќе ги нема застоите, неправилностите и нервозите кај возаќите во моментите на промена на правецот на движење. Сега сообраќајот се одвива без застои и прекршување на правилата за движење на возилата и пешаците.

„ПРВИОТ ТРИАГОЛНИК“ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО КРУЖЕН ТЕК

„ПРВИОТ ТРИАГОЛНИК“ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО КРУЖЕН ТЕК

Општина Кавадарци во екот на градежната сезона преку ангажираната оператива го реализира проектот за реконструкција и проширување на улицата „Тиквешко востание“. Се работи интензивно на трансформирањето на „првиот триаголник“ во кружен тек, а во склоп на проширувањето на улицата на таа локација се поставуваат и нови рабници. Во тек се и завршните работи на поплочување на тротоарот од спојот со плоштадот кај општината до спојот со улицата „Миле В‘чков“.

Финансиската конструкција е обезбедена преку грант за успешност од Светска Банка.