Автор: Општина Кавадарци

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја од несовесен одгледувач на лозов насад и прекумерно наводнување, на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково. Поради неможноста на Македонија пар да интервенира со механизација за справување со одронот, а по налог на Градоначалникот Митко Јанчев се активирани механизацијата на ЈП Комуналец и ТППЕ на Кавадарци согласно нивното функционирање во интерес на општеството, како и механизација од фирмата ЈА-МИ како донација кон Општина Кавадарци. Патот беше обезбеден и сообраќајот регулиран од ПС ОН Кавадарци. Акцијата беше успешно спроведена и за помалку од два часа патот беше прооден и уредно среден.

Loading
Низа комунални активности во село Крњево

Низа комунални активности во село Крњево

По иницијатива на жителите од с.Крњево, денес и утре се спроведува акција за инфраструктурно уредување. Се чисти депонијата која е проширена кон игралиштето ,се чисти постоечката и се копа нова јама. Во тек се и низа други активности се со цел подобро функционирање на жителите во с.Крњево.

Loading