Автор: Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр.199/14) и измените и дополнувањата на  Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр. 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 64/18 и 168/18) Општина Кавадарци распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

 

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 08.07.2019год. до 08.08.2019год.

Објавувањето на Јавниот повик е на:

  • Огласна табла во Општина Кавадарци
  • на официјалниот сајт на Општина Кавадарци kavadarci.gov.mk
  • Во две јавни гласила
  • На официјалниот сајт www.e-urbanizam.mk

 

                                                                          ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                               М-р Митко Јанчев

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Општината Кавадарци започна реализација на нов комунален проект. Ангажираната оператива работи на расчистување на стариот и дотраен тротоар на десната страна од улицата „Страшо Пинџур“ во правец на Ваташа.

Во наредната фаза на оој потег ќе се постават нови рабници, нов тампон и павер елементи.

Со овој проект општината ќе создаде поголема безбедност за движење на пешаците како урбанизирање на просторот.

Loading
КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“. Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште.

На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот новиот кеј на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат е во должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Loading
ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТИТЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТИТЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на новиот мост и проширување на патот пред и после мостот на регионалниот пат кон Витачево и идниот граничен премин „Пулево“.

Постоечкиот мост во Ваташа е доста оштетен и опасен за понатамошна употреба, а и патот до мостот и после него е со незгодна кривина каде се случени повеќе сообраќајни незгоди.

Овде се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет. Ќе има модерен пат и мост и поголема безбедност.

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Loading
ОБЕЛЕЖАНА ПАТНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ОБЕЛЕЖАНА ПАТНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Реконструкцијата на обиколницата е во звршна фаза. Специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на обиколницата „Северен Булевар“.

Ангажираната оператива за време на викендот работеше на поставување на вториот-фин слој асфалт на потегот од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до улицата „Шишка“. паралелно со нив „Комуналец“ ги обележа линиите од патната сигнализација.

Денеска до крајот на денот се предвидува поставување на финиот слој асфалт и на делницата од спојот  со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до спојот со Булеварот „Никола Минчев“.

Рењконструкцијата на улицата „Северен Булевар“ е финснирана преку проектот МСИП на ЕУ, за реконструкција на главните улици во градот.

Loading