Автор: Општина Кавадарци

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

Во селото Марена денеска беше предадена во употреба новата детска градинка која се наоѓа во кругот на реновиреното подрачно основно училиште.

Објект во работа го предадоа: градоначалникот Митко Јанчев министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска и Цанка Дибринова директорка на ОДУ градинка „Рада Поцева“,

Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика во рамките на проектот и руралните средини да добијат детски градинки на Министерството за труд и социјална политика.

Објектот детска градинка „Петар Пан“ е со капацитет за грижување на 25 до 30 деца од селото. Градоначаникот Митко Јанчев, при обраќањето денеска, најави дека во тек се градежните работи на доградба  на нови занимални со проширување на постојните објекти, со што ќе се зголеми можноста од опфат на нови деца. Инаку во градот има потреба од изградба на нова градинка, која Кавадарци ќе ја добие во наредниот период.

На свеченоста во селото Марена свој настап имаа и деца кои престојуваат во градинката „Рада Поцева“.

Loading
НОВА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА ПОЗНАТА КАКО „ЈУГОПЛАСТИКА“

НОВА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА ПОЗНАТА КАКО „ЈУГОПЛАСТИКА“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Кавадарци.

Деновиве привршува ревитализацијата на зградата позната како „Југопластика“. Ова е четвртата од вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Потоа се работеше на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“.

Во наредниот период ќе се продолжи со градежни работи на зградата бр.32 (стара Автобуска) на ул.„Илинденска“.

За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетото на опшштината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Loading
НОВИ ПАРИНГ МЕСТА ПОКРАЈ ПАРКОТ „ПОЛАНА“

НОВИ ПАРИНГ МЕСТА ПОКРАЈ ПАРКОТ „ПОЛАНА“

Нов комунално сообраќаен проект реализира општината Кавадарци на локацијата Парк „Полана“.

Според проектот овде се прави простор за паркирање на лесни возила на улиците: „11-ти Октомври“, „Лазо Мицев“ и „Партизанска“. Новиот паркинг простор ќе биде на ниво на улиците, а возилата ќе се паркираат косо.

Со овој зафат општината ќе реши еден горлив проблем кој беше тесно сообраќајно „грло“ во најстариот центар на градот кај Марковата кула.

Со реализација на проектот повеќе нема да има непрописно паркирани возила кои создаваат проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, посебно во пазарните денови среда, петок и недела.

Општината со овој проект ќе заокружи уште еден комунален зафат, во кој покрај новиот простор за паркирање, минатата година се реновираа тротоарите на наведените улици со павер елементи, а беа поставени метални пречки за спречување на паркрање на тротоарите.

Во овој дел на градот општината ќе создаде услови за правилно паркирање и непречено движење на пешаците и возилата.

Loading
ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

Со букети свежо цвеќе и кратко потсетување на настанот од 1913 година, пред споменикот на жртвите во Паркот „Полана“ беше одбележана 106 годишнината од „Тиквеќкото востание“.

Букети свежо цвеќе положија делагациаа од Општината, Советот, Здружението на борците и политички субјекти.

За настанот зборуваше виш кустос историчарот Марија Михова од Музеј-Галерија Кавадарци, која пред присутните потсети на настаните од историското минато на Кавадрци.

Притоа нагласи: „Со палење сигнални огнови во тиквешките села, на денешен ден, 19 јуни во 1913 година почнало Тиквешкото востание против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација на Македонија, по Првата балканска војна.

Тоа е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите“.

Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.

Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

По повод 100 години од востанието во 2013 година Општина Кавадарци подигна споменик, дело на академскиот уметник од Кавадарци: Кирил Мукаетов. Автор на постаментот е неговиот колега Димитар Самарџиев.

Loading
Покана за Прва форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Покана за Прва форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Локална самоуправа – Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на  Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде Вие со ваште идеи и потреби одлучувате како ќе ја  изградите вашата иднина. Ова се проектни форуми за кои е обезбеден фонд од 50.000 CHF, а ќе се финансира најмалку еден, а најмногу три проекти. Проектите кои ќе ги подготвуваат граѓаните ќе бидат за интервенција во областа на Социјалната инклузија.

Првата  форумска сесија ќе се одржи на 19.06.2019 година во салата на општина Кавадарци со почеток во 13.00 часот.

 

Со почит,

 

        Градоначалник                                                   Претседател на Совет

 на Општина Кавадарци                                     на Општина Кавадарци

        Митко Јанчев                                                              Ристо Сакалиев