САНАЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА УЧИЛИШТЕТО „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“ КАВАДАРЦИ
Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба реализира и проекти за подобрување на условите во образованието.
Веднаш по завршувањето на учебната година општината преку ангажираната фирма започна со реализација на проектот за санација на покривот на зградата на Основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци. Предвидено е да се изврши замена на старат ќерамида, како и да се санираат оштетувањата на дрвената граѓа на целата површина на покривот.
Со вој проект општината ќе изврши значајна интервенција за подобрување на условите во образовните институции.
Зградата на училиштето е најстариот образовен објект во Кавадарци изграден на почетокот од триесеттите години на минатиот век во која без прекин цели 87 години се образуваат генерации кавадаречки деца.