Автор: Општина Кавадарци

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР ПРЕДАДЕНО ВО УПОТРЕБА

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР ПРЕДАДЕНО ВО УПОТРЕБА

Специјализираната екипа при ЈП „Комуналец“ со посатвувањето на белите линии од хоризонталната патна сигнализација го означи крајот на проектот за реконструкција и проширување на делница од улицата „Западен булевар“.

Претходно во саботата Општината Кавадарци преку ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден.

Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Со проширувањето и реконструкција на оваа делница од „Западен булевар“ Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна, од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.

Loading
АСФАЛТИРНО ПРОШИРУВАЊЕТО  НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

АСФАЛТИРНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР

Општината Кавадарци  денеска реализираше уште дена фаза од реализацијата на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден. Така што предвидениот режим за забрана на одвивање на сообраќајот се сведе на само еден ден.

Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Новата коловозна лента и тротоарите се со  вкупна широчина од 16 метри, од кои коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

Проектот опфача и комплетно нова сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.

Loading
ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци е во фаза на реализација на уште еден проект за ревитализација на улица во градот.

Ангажираната оператива деновиве работи не гребење на стариот и дотраен асфалт на дел од улицата „Солунска глава“. Според проектот во оваа фаза улицата ќе се реконструира на потегото од спојот со ул. „Гоце Делчев“ до спојот со ул. „Народна Младина“.

Општината претходно изврши замена на старите рабници, а во последната фаза од реализацијата на овој проект ќе следи поставување на нова асфалтна подлога.

 

Loading
ОБЈАВА број  03/2019 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број 03/2019 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19),  Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.3422 КО Ваташа во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7166/38 од 26.12.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.30/18), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-99 од 18.12.2018 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 18-7228/1 од 21.12.2018 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2384/22 од 13.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.36/19), Извештај за процена бр.0302-24/1 од 13.05.2019 година изработен од Друштво за вештачење, супервештачење и изработка на процени ДППСУ “ЗИМАБО” Зоран ДООЕЛ Битола и наш деловоден бр.10-2543/1 од 13.05.2019 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

 

ОБЈАВА број  03/2019

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  

  

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.3422 КО Ваташа во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7166/38 од 26.12.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.30/18) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2384/22 од 13.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.36/19).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти  сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.3422 КО Ваташа запишани во Имотен лист бр.3620 и кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:

Read More

ПОДОБРЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ПРЕД „ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

ПОДОБРЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ПРЕД „ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

Општина Кавадарци реализираше уште еден проект по пат на донација од општествено договорните компании.

Денеска во функција беше предадена нова линија од јавното улично осветлување. Општината постави 7 нови столбови со штедливи ЛЕД светилки и пластични кугли на тротоарот пред зградите лепотици.

Столбовите ги обезбеди општината, а се работи за ниските столбови носачи кои беа извдени од старите семафори и адаптирани за канделабриза улично осветлување. Материјалот и монтажата се донација на компанијата „Кожувчанка“ и на специјализираната електромонтерска фирма „Ел-БОХ“ од Кавадарци.

Новите столбови поставени пред влезовите во зградите „Лепотици“ како надградба, во многу ќе го подобрат постојното јавно улично осветлување.

Loading