За потребите на спроведување форум во заедницата, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 3 месеци, 5 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Ко-модерирање на форумските сесии односно помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
- Раководење и координирање со оперативната група;
- Регрутација на учесници на форумот;
- Организирање форумски сесии и нивна техничка подготовка (сала, постери, опрема);
- Организирање состаноци помеѓу форумските сесии;
- Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.) и нивно доставување до општинскиот координатор;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на aнглиски јазик
- активно користење на компјутер (WORD, ECXEL, OUTLOOK)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладни организации
- да е жител на општината
- искуство во јавни настапи, фасилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски и презентациски вештини
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 29 Мај, на следната адреса:
Општина Кавадарци Локална самоуправа – Архива- канцеларија бр.21
или на електронска пошта: smoshev@kavadarci.gov.mk