Автор: Општина Кавадарци

НОВ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

НОВ ЗЕЛЕН ПАЗАР ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци го релизира проектот за изградба на нов „Зелен пазар“ на просторот пред „Судската палата“ во новиот центар.

На површина од 1.500 м2 се изврши бетонирање на подлогата на просторот каде ќе бидат поставени тезгите, а парарлелно се поставиа бехатон плочки на површина од 1.000 м2 на делот за паркинг простор на новиот зелен пазар. Изведувач на работите е фирмата „Пер инжинеринг“.           Претходно на овој просрор се изгради и саниутарен јазол.

Новиот Зелен пазар се гради за потребите на времена дислокација на Градскиот зелен пазар кој Општината ќе го реконструира и осовременува. Новоит пазар ќе биде во фукција се до завршувањето на работите на градскиот зелен пазар.

Loading
ОБЈАВА број 2/2019  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 2/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 2/2019

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за плански опфат ,,Дисанска“ – Кавадарци 2009-2014, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-4865/2 од 30.10.2013 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4-40% – мали комерцијални и деловни намени) и намена Б1 – мали комерцијални и деловни намени (компатибилна класа на намена А1-20% – домување во станбени куќи) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

  1. 2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, ,предвидено со ДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена – семејни куќи согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
  2. 3. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 14К ул.,,Праведничка“ – 2013-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-302/4 од 31.01.2014 година, за изградба на објекти со намена А1 – домување во станбени куќи (компатибилна класа на намена Б1,В1-30% – мали комерцијални и деловни намени и образование и наука) согласно Табеларен преглед 3 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ОБЈАВА број 2/2019
ЧИСТЕЊЕ НА ИСПУСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ЧИСТЕЊЕ НА ИСПУСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Екипа на Јавното претпријатие „Комуналец“ работеше на чистење на решетките за зафаќање на атмосферката вода од површината на градскиот плоштад. Од испустите се вадеше наносот, милта и проникнатата трева, кои беа пречка во нормалното функционирање на овој дел од атмосверската канализација.

Оваа редовна активност на комуналното претпријатие ќе овозможи оптимален пропуст и зфажање на дождовницата за подобро одводнување на површината од шеталиштето на плоштадот.

Loading
ЦЕЛОСНО РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ

ЦЕЛОСНО РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „ПАНО МУДАРОВ

Општина Кавадарци целосно ја ревитализира улицата „Пано Мударов“. Во последната фаза од релизацијата на проектот специјализирана екипа на ЈП„Комуналец“ вршеше обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Вчера поладне ангажираната оператива заврши со поставувањето на финиот слој асвалт со што општината заокружи уште еден успешен зафат од проектот за ревитализација на главните улици во градот.

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на овој значаен проект со кој по скоро пет децении централните и најстари улици кои се „крвотокот“ на градските и регионални комуникации ќе се ревитализираат и ќе бидат многу побезбедни за одвивање на сообраќајот.

Loading

 

Во Кавадарци по петти пат  беше одржана  манифестацијата СИТЕ НА ВЕЛОСПИПЕД

Во Кавадарци по петти пат  беше одржана  манифестацијата СИТЕ НА ВЕЛОСПИПЕД

Во организација на Созузот за училишен спорт, Општина Кавадарци-Локалана самоуправа, и Општнскит совет за безбедност  во сообраќајот денеска во Кавадарци по петти пат  беше одржана  манифестацијата СИТЕ НА ВЕЛОСПИПЕД. Споредено со лани, бројот  на учесниците е дуплиран, за велоспедост станува составен дел на животот во Кавадарци, не само кај младите. И порака од ова средба на која зборуваа градоначалникот Митко Јанчев и претседетелот на Советот за безбедност во сообраќајот Љупчо Лазов е   помалку да се возат автомобилите а повеќе велоспедите. Милан Колев од Сојузот за учичишен спорт на Кавадарци исто така им се обрати на учесниците а се одржа и богата лотарија со главна награда велоспед.

Loading