Автор: Општина Кавадарци

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма во континуитет ги изведува градежните работи  за реконструкција на регионалната улица „Северен булевар“.

Се работи на повеќе позиции паралелно. Во горниот дел на улицата од западната страна се поставуваат рабници и се оформува контурата на улицата. на делот кај Општа болница, се поставува системот за дренажа, а цевки за дренажа се поставуваа и на делот кај мостот на реката Луда Мара.

Екипа е ангажирана и на вадење на павер елементите од тротоарот кај спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ од каде ќе се започне со подигање на нивото на улицата за да се нивелира коловозот на местата каде претходно се собираше вода по обилните дождови.

Со реконструкцијата ќе следи и поставување атмосферска канализација со што повеќе нема да има проблеми со собирање на дождовницата и правење проблеми во сообраќајот.

Loading
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „2 БРИГАДА“

ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „2 БРИГАДА“

Оперативата на ангажираната фирма „Коле транс-инжинеринг“ од Штип работи на реализација на проектот за реконструкција на улицата „2 Бригада“.

Според проектот на Општина Кавадарци на оваа улица предмет на реконстрикција  се: нова подлога, рабници и поставување на 800м2 асвалт.

Деновиве се работи на поставување на нови рабници со кои ќе се формира контурата на улицата.

Претходно беше отстранета старата и дотраена асвалтна подлога  како и рабниците.

Реконструкцијата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

Loading
„Приказни од Будимпешта”, изложба на уметнички фотографии во Кавадарци

„Приказни од Будимпешта”, изложба на уметнички фотографии во Кавадарци

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев синоќа оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија во анашата земја Неговата екселенција  Ласло Дукс. Посетата беше дел од културен настан во Градската  галерија каде беше отворена изложбата на уметнички фотографии „Приказни од Будимпешта”.

Градоначалник Митко Јанчев, ги поздрави присутните притоа изразувајќи задоволство од соработката на општината со унгарската амбасада која е потврдена и  докажана во повече наврати.

Во обрачањето пред присутните Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Дукс изрази големо задоволство што е во Кавадарци.  Притоа истакна:  „Повеќе причини има за оваа низа на настани. Дваесет и пет години од воспоставувањето на дипломатски односи, дваесет години од нашата амбасада во Скопје, дваесет години сме членка на НАТО и петнаесет години на Европската Унија. Односите помеѓу амбасадата и општината се многу добри и имавме низа заеднички културни настани, рече амбасадорот, изразувајќи благодарност до градоначалникот, директорот, Дирекцијата за уметност на град Скопје, која помагаше во организацијата на настанот“.

Директорот на Домот на културата, Александар Малинков истакна: „Ова е дел од еден поширок проект кој опфаќа области од културата и уметноста. Се должи на претходните добри искуства и долгогодишна соработка“, рече Малинков.

Изложбата на уметнички црно-бели фотографии синоќа беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Претставени се двајца унгарски фотографски уметници, Имре Кински и Ото Кајзер. Првиот творел најактивно во триесетите години од минатиот век во Будимпешта, прерано починал како жртва на холокаустот во 1945 година. Вториот, е наш современик.

Во музичкиот дел од настанот Кавадаречкиот професор по музика, Стево Волчев на хармоника се претстави со класичното дело  „Унгарски танц“ од славниот унгарски композитор Бела Барток.

 

Асфалтирање на Западен булевар

Асфалтирање на Западен булевар

Општината Кавадарци и ангажираната фирма за реализација на проектот „Западен булевар“ денеска извршија пробно асфалтирање на делница од 220 метри на потегот од раскрсницата кај новата бензинска во правец на Росоман.
Во наредните денови на оваа делница ќе бидат спроведени низа проби со кои ќе се испита квалитетот на подлогата, носивоста и квалитетот на асфалтот.
Добиените резултати ќе одредат како и на кој начин ќе се реализира асфалтирањето на целокупната траса од проектот за проширување на „Западен булевар“.
Овие испитувања се неопходни бидејќи се работи за ново сообраќајно решение на најоптоварениот влез во Кавадарци од север од правец на Росоман, автопатот коридор 10 и Скопје.
Веднаш по ова ќе следи кампања за целосна реализација на проектот „Западен булевар“.
Општината апелира до возачите за време на изведување на градежните работи да го почитуваат времениот режим на сообраќај на оваа делница.

Loading
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА ДОМОТ ВО ВАТАША

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА ДОМОТ ВО ВАТАША

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „МЗТ-Битола“ го реализира проектот за реконструкција на покривот на објектот на Спомен домот „12 Другари“ во Ваташа.

Се менува старата и дотраена ќерамида, на нејзино место се поставува лим. Реконструкцијата опфаќа санирање на сачокот, како и замена на старите олуци со нови.

Со овој зафат општината ја заокружува реконструкцијата на Спомен домот во Ваташа, која започна минатата година кога во пресрет на јубилејот 75 години од стрелањето на 12 младинци, беа реконструирани просториите и салата во домот каде се одржа и свечената академија.

Оваа рекоснтрукција на домот во Ваташа е прва после 35 години, кога објектот целосно беше реконструиран за потребите на снимањето на емисијата „Знање имање“ на тогашната Југослевенска радио телкевизија која ја гледаше милионски аудиториум.

Loading