ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година
Врз основа на член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела бр.08-2384/4 од 13.05.2019 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.36/2019) ,
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019
За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година
- Опис на Јавниот повик
1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 20.05.2019 година заклучно со 20.06.2019 година
1.3. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „јавно извлекување“.
1.4.Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци, огласна табла во Општина Кавадарци и електронските медиуми.