Автор: Општина Кавадарци

ВО КАВАДАРЦИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ГЛЕДА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВИОТ ГЕРМАСКИ ФИЛМ

ВО КАВАДАРЦИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ГЛЕДА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВИОТ ГЕРМАСКИ ФИЛМ

Заменик градоначалникот на Кавадарци д-р Никола Трендафилов денеска оствари средба со г-ѓа. Катрин Фриинсфелд раководител на одделот за култура и образование при амбасадата на СР Германија во Скопје.

Повод за средбата беше отворањето Фестивалот на новиот германски филм во рамкитена неделата на германскиот филм во Кавадарци. По пауза од една година оваа значајна манифестација се враќа во нашата земја. Почнувајќи од 13 мај па до крајот на оваа недела публиката во Кавадарци ќе има можност да проследи осум филмови од најновата германска филмска продукција, меѓу нив и филм добитник на сребрена мечка од годинешното „Берлинале“.

Во салата на Домот на културата ќе бидат прикажани осум долгометражни филмови од кои 3 се за деца.

Целта на фестивалот е зближување на германската и македонската култура преку 7 уметност и запознавање на нашата публика со најновата германска филмска продукција.

На средбата покрај заменик градоначалникот Трендафилов и госпоѓата Фриинсфелд присуствуваа и  г-ѓа. Хаике Јовеска од одделот за култура, како и Александар Малинков директор на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци.

Loading
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „БРАЌА ХАЏИ-ТЕФОВИ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „БРАЌА ХАЏИ-ТЕФОВИ“

На барање на жителите од споредна улица на ул „Браќа Хаџи-Тефови“, општината Кавадарци реализира проект за реконструкција.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ ги изведува градежните работи на вадење на гранитната коцка на површина од 230 квадратни метри.

Согласно проектот, на улицата ќе следи поставување на тампон и финиширање со бехатон коцки во вкупна должина од 64 метри.

Со оваа реконструкција жителите во строгиот центар на градот ќе добиа реконструирана улица.

Loading
ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска свика седница на Општинскиот кризен штаб на која беа координирани активностите што би се преземале по евентуалните несакани последици од најавеното очекувано невреме. Се распределија и обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци, Регионалната противпожарната единица Кавадарци, ЈП „Комуналец“ и општината беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција за расчистување и справување со евентуалните последици.

Од седницата произлегоа и низа заклучоци во правец на превентивно делување како и конкретни дејствија на надлежните кои би се реализирале по евентуалното невреме. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација.

До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главните улици, за да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Да ги остранат возилата од под дрворедите како не би дошло до нивно оштетување. Се апелира и до жителите за време на непогодата да не се движат непотребно, да ги избегнуваат водените површини, како и да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции.

Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.

Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните во случај на невреме да бидат крајно внимателни да избегнуваат засолнување под стебла.

Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на општинската служба „Мој општинар“.

Надлежните продолжуваат со будно следење на состојбата.

Loading

 

СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИТЕ СЕМАФОРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИТЕ СЕМАФОРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Реализацијата на сеопфатниот зафат за реконструкција на семафорите во градот продолжува. Денеска се спроведе монтажата на светлечките тела на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.

Сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.
Нареден зафат ќе биде поставување на табли патокази на правци и на значајни објекти во градот.

Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.

Полу портални столбови се поставени и на преостанатите две раскрсници што се реконструираа, кај  „Старата автобуска“ и на бул. „Моша Пијаде“ кај ООУ „Гоце Делчев“.

Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век. Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ од Кочани.

Loading