Автор: Општина Кавадарци

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

Новиот пристап на општината во реализацијата на инфратструктурните објекти, граѓаните на Кавадарци го видоа денеска при реконструкцијата на улицата „Цано Поп-Ристов“.

Паралелно со поставувањето на завршниот фин слој на асвалт, специјализирана екипа на ЈП „Комуналец“ изврш фарбање на коловозот со хоризонталната патна сигнализација. Со бела боја беа обележани зебрите на пешачките премини, како и местата за паркирање од двете страни на улицата.

Со ова заврши ревитализацијата на една од најстарите и најфрекфентни улици во градот.

Loading
САНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ФАСАДИТЕ НА ОБЈЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНАТА

САНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ФАСАДИТЕ НА ОБЈЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНАТА

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Деновиве се одвиваат градежните работи на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“. Во наредниот период ќе продолжи со градежни работи на зградите: бр.13, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, бр.2, ул.„Благој Крстиќ“, каки и на објектите: бр.1 на ул.„Фердо Росомански“, бр.2 (источна фасада), ул.„Тиквешко Востание“ бр.2, ул.„Илинденска“ бр.11 (Халк Банка), ул.„Илинденска“ – Водостопанство Тиквеш, ул.„Илинденска“ бр.32 (стара Палма), ул.„Илинденска“ бр.67 (Тутунска банка), а ќе се интервенира и на Општинската зграда јужна фасада (заден дел).

При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.

За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетото на опшштината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Loading
АСВАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

АСВАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

Оперативата на агажираната фирма изведувач денеска стартуваше со асвалтирањето на улицата „Цано Поп-Ристов“. Со поставувањето на порамнителниот слој на асвалтна маса, на една од најстарите и најзначајните сообраќајници во градот општината продолжува со реализацијата на најзначајниот комунален проект во 2019 година, за ревитализација на главните улици во градот. Реконструкцијата се однесува на целата должина на улицата од мостот кај „Јаворот“ до старата автобуска станица“

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Loading
ПЕТТИ ЕКО КВИЗ НА ЕД„ТИСОВЕЦ“

ПЕТТИ ЕКО КВИЗ НА ЕД„ТИСОВЕЦ“

На 08.05. 2019 година се одржа Општински Еко Квиз  во организација на Општина Кавадарци, ЕУРО НИКЕЛ и ЕД Тисовец, а реализиран со учениците од петто одделение од шесте основни  училишта од Општина Кавадарци, кој е единствен во државата.

Овој проект Еко квиз произлезе од должностите и обврските на сите членови на заедницата и не случајно е избрано партнерство помеѓу Општина Кавадарци, ЕД Тисовец и Еуроникел ( поранешен Фени) Индустри.

Целта на проектот е вложување на континуирани напори за учество на повеќе оштествени субјекти во градењето на концепт за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најрана возраст и се очекува да има влијание врз формирање на елементарни еколошки навики кај учесниците во целокупниот процес. Проектот не се заснова на законски обврски ,но проектните активности имплицитно се во врска со проблематиката која се регулира со Законот за основно образование и Законот за заштита на животната средина.

Со оглед на целта на овој проект се едуцираа над  2300 ученици кои  учествуваа во квиз натпреварите за период од пет години (5), со висока мотивираност.

Успешно се промовираше принцип на партнерство – проектот се имплементираше врз принципот на синергија – заеднички планирани,  усогласени и спроведени активности и рокови. Се иницираше актуелна тема и проблематика, екологија и животна средина, за која учениците ќе стекнат поголемо знаење кое ќе им помогне да изградат свои навики и ставови,градење на проактивен пристап, навики и став за еколошки прашања.

Дел од најмладата популација од општеството (сите деца од 5-тто одделение) на организиран и структуриран начин имаа можност да научат многу за прашањата од областа на екологијата и заштитата на животната средина врз основа на материјал, стручно подготвен врз основа на валидни извори (учебници, енциклопедии, официјални податоци). Ова знаење ќе им биде основа во градењето на еколошки навики и проактивен став кон предметната проблематика.

Со проектов се  постигнуват целите и се реализираат заложбите на  граѓаните за почиста и побезбедна животна средина.

Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните години со тенденции да стане регионален и државен квиз натпревар во основните училишта

Од шест екипи од по тројца ученици кои ги претставуваа 6-те основни училишта кои се докажаа во селекција од 376 учесника ,  прво место освои  екипата на ООУ Тошо Велков Пепето, второ место ООУ Димката А. Габерот Кавадарци.   Учесниците добија пофалници, дипломи и прикладни награди а првонаградените таблети.

Loading
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ И ПРАТЕНИЦИТЕ НА СРЕДБА СО ГРЧКИ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ И ПРАТЕНИЦИТЕ НА СРЕДБА СО ГРЧКИ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ

Претпладнево во посета на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев беше грчка парламентарна делегација предводена од пратеникот од областа Пела  Јанис Сифакис. Повод за средбата  изградбата на граничниот премин Пуљевац.

На разговорите во Општина Кавадарци присуствуваа и пратениците Весна Пемова и Панчо Минов и претседателот на Советот Ристо Сакалиев.

По зеленото светло кое од Владата беше дадено за  изведградаба на граничниот премин Пулевац, денеска  заедно со преставниците на соседна Грција започна засилена динамика на реализација на овој проект. Најпрвин ке се изработи студија, елаборат, целосен проект со еконимски параметри за значењето на преминит, начинот на поврзување, изградадба на патна инфраструктура, донесување на потребна законска регулатива во нашиот парламент  и слично.

Градоначалникот Јанчев не го криеше задоволствито  од оптимистистичката клима која сега е создадена за да се реализира проектот, и по повеќе од 20 години , токму во време на неговиот мандат  има големи шанси ова работа да биде реализирана.

 

Loading