Автор: Општина Кавадарци

Изградба на пумпна станица за водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево

Изградба на пумпна станица за водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево

Новиот начин на водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево се темели на водоснабдување по пат на пумпна станица. Со ваквиот начин на водоснабдување се отвора вентилот кој беше подзатворен и водата слободно протекува во цевководот кон градот. На овој начин во градот ќе се добијат дополнителни 10л/с. вода а на централите ќе се зголеми производството на електрична енергија. Оваа инвестиција е околу 20 000 евра и истите само од дополнително производство на електрична енергија би се вратиле за неполни 3 години.

Loading
Франсускиот амбасадор Кристијан Тимоние во посета на Општина Кавадарци

Франсускиот амбасадор Кристијан Тимоние во посета на Општина Кавадарци

Денес Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев оствари средба со франсускиот амбасадор во нашата држава Кристијан Тимоние, на која се  разговараше за низа актуелни прашања  во земјата и општината. Градоначалникот Јанчев го запозна гостинот со акуелните комунални и други вложувања во Општина Кавадарци, а најавено е формирање фонд за странска помош на француската влада за средства за разни проекти за што своја апликација ке има и Општина Кавадарци.

 

Loading
Општина Кавадарци започна со фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје

Општина Кавадарци започна со фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје

Почитувани,

Ве известуваме дека во наредниот период Општина Кавадарци започнува со активности за фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Започнувајќи од Домот на културата “Иван Мазов – Климе” потоа ќе се извршуваат активности на зградите на ул.7-ми Септември бр.51, ул.7-ми Септември бр.53, ул.7-ми Септември бр.13, ул. Браќа Хаџи Тефови бр.2, ул.Благој Крстиќ бр.1 ул.Фердо Росомански бр.2 (источна фасада), ул.Тиквешко Востание бр.2, ул.Илинденска бр.11 (Халк Банка), ул.Илинденска – Водостопанство Тиквеш, ул.Илинденска бр.32 (стара Палма), ул.Илинденска бр.67 (Тутунска банка), Општинска зграда (заден дел). При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.

 

Loading

.

Оштетени металните столбови на булевар „Македонија“

Оштетени металните столбови на булевар „Македонија“

Ова е фотографија од булевар “Македонија” каде пред извесен период се интервенираше со градежни активности за да се запре со непрописно паркираните возила, да се подобри безбедноста на децата кои се движат по оваа улица додека посетуваат училиште и за безбедноста на сите нас. ЈП Комуналец секојдневно ја одржуваат хигиената како што може да се забележи од фотографијата. Но она што се случило во текот на вечерта, намерното рушење на металните столбови ја уништува целата фотографија и им ја скратува пред се желбата на нашите деца да можат слободно и безбедно да се движат. Нема објаснување за ваквиот вандализам.

ЈАВЕН ПОВИК  за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Кавадарци

Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија и процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а преку оспособување на граѓанските организации активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Проектот ReLOaD работи со пет партнерски општини: Куманово, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Струмица, на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Read More