Автор: Општина Кавадарци

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГЛАВНИТЕ УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци продолжува со реализација на капитален проект за реконструкција на главните улици во градот.

Оперативата на агажираната фирма изведувач денеска стартуваше со гребењето на стариот и оштетен асвалт на улицата „Цано Поп-Ристов“. Со ова започна ревитализацијата на една од најстарите и најзначајните сообраќајници. Реконструкцијата се однесува на целата должина на улицата од мостот кај „Јаворот“ до старата автобуска станица“

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Loading

 

ЗАФАЌАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИТ ВОДИ ОД УЛИЦАТА „БЛАГОЈ КРСТИЌ“

ЗАФАЌАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИТ ВОДИ ОД УЛИЦАТА „БЛАГОЈ КРСТИЌ“

Општина Кавадарци во рамките на комуналната изградба го реализира проектот за зафаќање на атмосверските води на дел од улицата „Благој Крстиќ“.

Согласно проектот се изгради шахта решетка за зафаќање на атмосферските води од улицата „Благој Крстиќ“ на спојот со улицата „1 Мај“.

 

Loading
НОВИ ФОНТАНИ НА ПЛОШТАДОТ

НОВИ ФОНТАНИ НА ПЛОШТАДОТ

Општината Кавадарци ги обновува фонтаните пред зградата на Локалната самоуправа.

Специјализираната фирма „Водена оаза“ од Скопје изврши целосна репарација на базените од постојните фонтаните. Во нив освен старите централни млазници, според проектот се поставуваат кружни фонтани со конструкција од инокс. Секоја конструкција има повеќе млазници.

Водата во фонтаните ќе ја придвижуваат вкупно шест пумпи, по три во секоја фонтани. Нивната сила од водата ќе создава најразлични форми.

Навечер фонтаните ќе бидат осветлени со подводни рефлектори водата поставени на кружните конструкции.

Општината со овој проект ќе му даде дополнителна вредност на реконструираниот градски полштад.

Loading

 

Општина Кавадарци ги информира граѓаните на ден 20.04.2019 (сабота) ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција

Општина Кавадарци ги информира граѓаните на ден 20.04.2019 (сабота) ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека согласно програмата за дезинсекција, на ден 20.04.2019 (сабота) во раните утрински часови од 02:00 часот до 06:00 часот ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција.
Третирањето ќе биде извршено од земја со специјални машини наменети за таа намена со примена на препарат „BIOPREN 4GR“.

Со пролетната акција за запрашување против комарци ќе бидат опфатени следните улици и локации:
• Булевари: „Македонија“, „Никола Минчев“, „Моша Пијаде“, „Западен Булевар“, „Цветан Димов“, „Видео Смилевски“, како и трите кружни текови.
• Улици: „Страшо Пинџур“, „Тиквешко востание“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“, „Пионерска“, „Народен Фронт“, „Ресавска“, „Вишешница“, Мито Хаџи Василев-Јасмин“, „7ми Септември“, „Пано Мударов“, „Димката Ан гелов-Габерот, „Ќиро Крстев“, „Браќа Џунови“ и „Шишка“.
• Локалитети: Брана Моклиште, Градски Парк и Парк на Револуцијата-Полиција.
Третирањето ќе биде донација и ќе го изврши фирмата ЛИСА – КОМ МС дооел од Кавадарци.

 

Започна реконструкцијата на „Северен булевар“ во Кавадарци

Започна реконструкцијата на „Северен булевар“ во Кавадарци

Општина Кавадарци започна со реализација на капитален проект за реконструкција на „Северен Булевар“. Оперативата на агажираната фирма изведувач работи на отстранување на стариот асфалт. Со ова практично стартуваше втората фаза од ревитализацијата на една од најзначајните сообраќајници, која има и функција на заобиколница.
Втората фаза предвидува реконструкција на вкупно 900 метри од улицата и тоа на потегот од спојот со булеварот „Никола Минчев“ до спојот со улицата „Шишка“ кај Општа болница Кавадарци.
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Финансиските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.