Автор: Општина Кавадарци

Ученици од Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција и Романија во посета на Општина Кавадарци

Ученици од Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција и Романија во посета на Општина Кавадарци

Ученици од Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција и Романија, беа гости во Општина Кавадарци. Посетата ја искористија да се запознаат со надлежностите, поставеноста и работата на градоначалникот и Локалната самоуправа.
Учениците и нивните професори се дел од Програмата на Европската Унија Еразмус+. Домаќин е Општинското основно училиште „Димката Ангелов Габерот“, од с. Ваташа кое во периодот од 2018 до 2020 година ќе имплементира 3 Еразмус+ проекти во кои се вклучени обуки за ученици и наставници.
Проектите се со теми за поттикнување на претприемачките вештини, изнаоѓање различни методи во инклузивното образование и приближување кон клучните социјални компетенции во Европската Унија. Во оваа сесија учесниците го имплементираат проектот „Поттикнување на претприемачките вештини“. Во негови рамки од 23 до 30 март во училиштето се одржува обука за ученици од 5-те партнерски училишта.
Во рамките на проектот учесниците је посетија и компанијата „Кожувчанка“, а посетата на општината ја искористија како вовед, притоа интересирајќи се за искуствата и активностите на градоначалникот Митко Јанчев во раководењето на општината и примената на искуствата на младад и потврден претприемач во раководењето на општината.

Loading
ВРАЧЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА 180 КАВАДАРЕЧКИ НАСТАВНИЦИ

ВРАЧЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА 180 КАВАДАРЕЧКИ НАСТАВНИЦИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претседателката на Институтот Европа за тебе – Скопје Елизабета Томевска Илиевска, во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 180 наставници учесници на семинарите на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“ им врачиа сертификати за учество и успешно завршена обука.

За суштината на ова стручно предавање говореше м-р Зорица В’чкова раководител на одделението за образование во Општина Кавадарци која посочи дека Обуката имаше интерактивен карактер, со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења за насилствата во училиштата, туку и да разменат искуства од сопствените практики,

Градоначалникот Јанчев им честиташе на наставниците за стекнатото знаење и можноста за ова тема да учат и разговараат со најдобрите стручњаци во земјата, како и можноста наставниците да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијлно би можеле да се јават во нивните училишта. Градоначалникот притоа искажа и задоволството од одржувањето на семинарот во Кавадарци.

Read More

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ХОРТИКУЛТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ХОРТИКУЛТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ

Реконструкцијата на дел од градскиот плоштад влегува во завршна фаза. Ангажираната оператива деновиве со плодна земја ја исполни последната жардинера која се наоѓа на местото каде претходно беше фонтаната и малата отворена сцена. На оваа локација претходно се изведоа градежни работи за декорирање со гранит (буња), како и гранитни плочки на партерот. Поставена и соодветна инсталација за полевање на зелените површини.

Сега ќе уследи садење на соодветни декоративни дрва и жбунести растенија, аќе биде посеана и трева. На оваа локација ќе се постави и соодветна урбана опрема, по што овој дел од плоштадот пред хотелот ќе се претвори во урбанизирано и пријатно место за одмор на граѓаните.

Loading
ИЗГРАДБА НА КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША СПОРЕД ПРЕДВИДЕНАТА ДИНАМИКА

ИЗГРАДБА НА КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША СПОРЕД ПРЕДВИДЕНАТА ДИНАМИКА

Четвртата фаза од изградбата на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“ се одвива непречени и според планот. Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци паралелно работи на земјаните работи како и бетонирањето на минорното корито на реката низ селото Ваташа.

Според динамиката деновиве интензивни работи се изведуваат на локацијата наспроти училиштето и болницата во Ваташа.

Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Loading
СТАРИТЕ КЛУПИ ОД ПЛОШТАДОТ И БИТ ЗОНАТА  НА НОВИ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

СТАРИТЕ КЛУПИ ОД ПЛОШТАДОТ И БИТ ЗОНАТА НА НОВИ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

Во склоп на програмата „За убаво Кавадарци“ Општината го реализира проектот за надополнување на зелените јавно прометни површини со урбана опрема.

Деновиве на улицата „Илинденска“ се поставија нови типизирани клупи за одмор со ист дизајн како оние на плоштадот. Но општината старите клупи кои беа во употреблива состојба ги обнови и тие ќе бидат распоредени на повеќе локации низ градот.

Вкупно се заменети 25 клупи кои по репарирањето ќе се постават на следните  јавно прометни површини чии локации се: Бул. „Моша Пијаде“, Згради „Лепотици“, зад катастарот, Бул. „Никола Минчев“ кај УЈП, Бул „Кочо Рацин“ под „Пикасо“, Себастијан детски парк,  мост кај ООУ „Пепето“, на локација кај стариот монопол, на паркче на ул „Витачево“ на ул. „Киро Крстев“ од мостот „Слога“ и во Градски парк.

Со овој проект општината ќе го подобри процентот на опфатеност со урбана опрема за одмор на граѓаните.