Автор: Општина Кавадарци

САНИРАЊЕ СО АСВАСЛТИРАЊЕ НА ПОВОТ ОД НОВАТА АТМОСФЕРСКА НА ПЛОШТАДОТ

САНИРАЊЕ СО АСВАСЛТИРАЊЕ НА ПОВОТ ОД НОВАТА АТМОСФЕРСКА НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ завршуваат со реконструкцијата на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „Тиквешко Востание“ од раскрсницата кај „Домот на културата“ во правец на „првиот триаголник“.

Деновиве се работеше на поставување на асвалт на рововите од новата линија, со што истите се санираа и се порамнија со нивото на постојниот асвалт

Вкупната должина на реконструираната делница е 317 метри, со  два профили и тоа еден дел со должина од 104 м’ е изведен со цевки со дијаметар Ф500мм, а  вториоти дел од 213 м’ со цевки со дијаметар Ф400 мм.

Постоечките сливници беа приклучени на новата атмосверска  канализациона линија.

Со овој проект општината обезбеди поефикасно одводнување на центарот на градот од атмосверските води.

Loading
Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реализацијата на сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.
Денеска се спроведе монтажата на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Проектот предвидува овде да се постават три носачи и тоа два на улицата „Илинденска“ и еден на ул.„Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Претходно оперативата на изведувачот „Конструктор“ од Кочани, ги постави 4-те мали столбови за пешачките семафори. Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.
Полупортални столбови ќе бидат поставени и на преостаните две раскрсници предвидени за реконструкција на семафорите и тоа три кај „Старата автобуска“ и 2 столба на бул. „Моша Пијаде“ на раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“.
Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век.

Loading
За поубаво и почисто Кавадарци!

За поубаво и почисто Кавадарци!

Општина Кавадарци преку проектот Мој Општинар а во соработка со Јавното Претпријатие Комуналец деновиве интензивно работи на подигање на нови зелени површини, очистување на неколку локации и посадување на нови дрва и обновување на дрворедите во градот.

Локации на кои во моментот се подигаат нови зелени површини се населба Бел Камен, локација Ѓуро Салај – Западен Булевар, локација Игман, триаголникот кај Макпетрол и ВВТиквеш, локација Калница-Ќиро Крстев и Методија Џунов Џико и Околу Градскиот Стадион односно улица Дисанска.

Деновиве беа завршени триаголниците на Пано Мударов и Тиквешко Востание,и потпорниот зид на улица Страшо Пинџур спроти зградите Силекс.

Дел од локациите веќе се спремни за поставување на систем за наводнување а останатите се во фаза на очистување од диви депонии и припрема за озеленување, набавка на урбана опрема и партерно уредување.

Локации на кои се садат нови садници се Булевар Кочо Рацин на паркингот , Улица Страшо Пинџур кај Ваташката Пошта и улица Методија Џунов Џико.
Дрворед кој се обновува во моментот е дрворедот на Улица Гоце Делчев.
За оваа намена ЈП Комуналец има набавено околу 200 садници и истите ќе бидат посадени до крајот на овој месец.

ПРОБИВАЊЕ НА СЕРВИСНАТА УЛИЦА „25 МАЈ“

ПРОБИВАЊЕ НА СЕРВИСНАТА УЛИЦА „25 МАЈ“

Согласно програмата за комунална изградба општината Кавадарци го реализира проектот за пробивање на сервисната улица 25 „Мај“ во правец на улицата „Рајко Жинзифов“.

Според проектот делницата од улицата во изградба е долга 120 метри.  За оформување на оваа сервисна улица треба да се изври пробивање, а во фаза на изградба е потпорен ѕид кој ќе ги одреди контурите на еден дел од сообраќајницата.

После тампонирањето ќе следи асвалтирање на улицата која за жителите од овој дел на Кавадарци ќе обезбеди пократка комуникација паралена на улицата „Шишка“.

Loading
Известување за одржување на Јавна дебата

Известување за одржување на Јавна дебата

Почитувани,

Општина Кавадарци – Локална самоуправа, во периодот 2018-2019 година, ќе го спроведува проектот РеЛОад – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија а ќе се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите Нации – УНДП. Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан преку јакнење на граѓанското општество за истото да земе активно учество за донесување на одлуки на локално ниво.

За таа цел Ве повикуваме сите заедно на ден 15.03.2019 година(Петок) во 11:00 часот во големата сала на општина Кавадарци, на транспарентен начин да ги дефинираме приоритетите на ниво на општина, кој ќе ни послужат како показатели за понатамошно реализирање на проектите. Се надеваме дека со ваквиот пристап ќе ги проширеме релациите помеѓу локалната власт и граѓанските организации и ќе го подобриме квалитетот на услугите кон граѓанските организации.

 

 

Со почит,

 

Општина Кавадарци

Локална Самоуправа