ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала
Врз основа на член 50 став 16 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002 од 29.01.2002 година), член 113 став 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ), Програмата за Локален економски развој на Општина Кавадарци за 2023 година бр.08-7742/27 од 22.12.2022 година (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физички лица за купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година бр.08-7742/28 од 22.12.2022 година (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), и член 4 став 1 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за 2023 година бр.08-7742/29 од 22.12.2022 година (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22),
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК
за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година
- Опис на јавниот повик
Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата, и не влијаат врз климатските промени, Општина Кавадарци доделува поединечна субвенција на физички лица кои ќе купат и инсталираат фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија од 4kW до 6kW, на објект во индивидуална сопственост, со право на сопственост или користење, за 2023 година.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, во висина до 30% од инвестицијата, но не повеќе од 90.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Јавниот повик ќе трае до целосно исцрпување на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци определени за таа намена.