Автор: Општина Кавадарци

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

Општина Кавадрци реализираше зафат за проширување на улицата „Добри Даскалов“. Оперативата на донаторот „Кожувчанка“ изврши рушење на стара дотраена куќа подложна на паѓање.

Со овој зафат се постигнуваат две цели, отстранување на опасноста за учесниците во сообраќајот, како и проширување на улицата каде куќата со значителен дел од својот габарит  ја намалуваше ширината.

Општината же реализира проект за проширување на овој дел од улицата кој се наоѓа на дваесеттина метри од спојот со улицата „Тиквешко востание“ поранешна ул. „ЈНА“.

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019

За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2019, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

Јавен повик спорт 2019
Одлука за избор за кандидат за унапредување во врска со Интерниот оглас бр. 05/2018

Одлука за избор за кандидат за унапредување во врска со Интерниот оглас бр. 05/2018

Во врска со Интерниот оглас бр. 05/2018 за унапредување на административни службеници во Општина Кавадарци, објавен на ден 26.12.2018 година на интернет страницата на Агенција за администрација и на Општина Кавадарци.

РУШЕЊЕ СТАРА КУЌА НА УЛИЦА „КУКУШКА“

РУШЕЊЕ СТАРА КУЌА НА УЛИЦА „КУКУШКА“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“. Се спроведе рушење на стар куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот.

Со овој зафат се отстранува сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила како и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.

Со пробивањето, како и проширување на оваа улица за дополнителни 20 сантиметри се отвора нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.

Согласно проектото општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид.