Автор: Општина Кавадарци

Јавен оглас за ангажирање на персонални асистенти за вклучување во проектот “Мој свет”

Јавен оглас за ангажирање на персонални асистенти за вклучување во проектот “Мој свет”

Здружението Чекор кон  Европа има потреба од Ангажирање на 6 персонални асистенти за поддршка и помош на малолетни лица – ученици со аутистичен спектар и друг хендикеп од општина Кавадарци.

Јавен Оглас
ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ  РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА

Регионот на Тиквешијата е зафатен од силни врнежи на снег. Врнежите се особено интензивни во ридско планинскиот дел од општината. Измерената снежна покривка  е највисока во с.Мрежичко од 90 сантиметри, додека 60 сантиметри снег се измерени во подкожувјието и Бошавијата.

Службата за зимско одржување на општина Кавадарци интензивно е на терен и ги чисти локалните патни правци. Се интервенира со 1 булдужер кој го чисти патот Бојанчиште – Куманичево и 1 булдужер на патот Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП „Комуналец“.

2 возила од Македонија пат работат на патот Кавадарци – Мушов гроб. Додека 2 големи трактори со нож и соларка работат на патните правци Мушов гроб – Мајден и Мајден – Рожден.
Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско. Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.

Дежурните екипи на службата за зимско одржување се постојано на терен и подготвени да се справат со врнежите од снег, со цел локалните патни правци да бидат проодни

Апел до граѓаните кои гравитираат кон овие патни правци да возат внимателно со полна зимска опрема и без потреба да не тргуваат на пат.

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2019 година

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2019 година

 КОНКУРС За делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2019 година на правно лице

Конкурс за култура

Пријава за култура
ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТРАШО ПИНЏУР 

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТРАШО ПИНЏУР 

Со полагање на букети свежо цвеќе пред бистата во спомен куќата во Ваташа беа одбележани 76 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур.

Цвеќе во името на градоначалникот, советот и општината положи делегација предводена од претседателот на советот Ристо Сакалиев. Пред бистата на херојот почит оддадоа и претставници на Сојузот на борци и почитувачи на придобивките од НОБ Кавадарци, од училиштето „Страшо Пинџур“ и делегација од Лоаклен-Музеј и галедија од Кавадарци.

Ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ изведоа пригоден рецитал за патронот, а Марија Михова од Музеј-галерија Кавадарци прочита пригоден реферат за животот и делото на народниот Херој Страшо Пинџур.

На 4 јануари 1943 год. во скопскиот Областен затвор е убиен Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија. Роден е на 5 март 1915 г. во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Горњи Милановац, Неготин Краина, Крагујевац и Белград.        Во Крагујевац започнува неговата револуционерна дејност, кога смело се спротивставил на психологот Василие Правуловиќ, кој генерално ги омаловажувал македонците како народ. Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 г. ја обновува работата на КП во Кавадарци.

Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година. Во 1941г. е инструктор на Покраинскиот воен штаб, а во 1942 г. ичлен на Покраинскиот комитет и член на Главниот штаб на Македонија.

Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти.

Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб.

За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.

„НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ“

„НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ“

Општина Кавадарци се вклучи во проектот Банка на храна. Проектот „Нула  глад  во  Општина  Кавадарци“,  има за цел да обезбеди  помош и поддршка за социјално загрозените и сиромашни граѓани. Акцијата се спроведува благодарение на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, локалната самоуправа и компаниите кои се вклучија во оваа хумана мисија. Кавадарци е меѓу ретките градови во регионот и Европа кој ќе го решава овој проблем.

Градоначалникот вели дека општината обезбеди простор за чување на храната и возило за нејзина дистрибуција до социјално ранливите семејства. Стотина социјално загрозени  семејства од Кавадарци ќе добиваат достоинствен оброк. Општина Кавадарци очекувa дека бројот на корисници ќе соодветствува со реалната бројка на вистински социјално загрозени семејства .

„Тој нагласува дека идејата е Кавадарци да биде општина каде ќе нема гладни и ги повикува и останатите од бизнис секторот да се вклучат со свои донации во банката за храна,  а истото можат да го направат и граѓаните кои сакаат да помогнат на сиромашните“.

Бизнис секторот, локалната самоуправа и еколошкото друштво „Еко живот“ во соработка со Банката за храна на Македонија ќе обезбедуваат храна за луѓето кои поради сиромаштија неможат да си обезбедат оброк.

Роберто Паризов од „Еко живот“ вели: „Би било добро да направиме напори банката да доставува неколку пати во месецот храна и хигиенски производи“. Додава дека се отворени за соработка и секој што сака да ја покаже својата хуманост може да достави прехранбени пакети.

Душко Христов од Банката за храна истакнува дека  Кавадарци е меѓу ретките градови во регионот и Европа кој ќе го решава овој проблем.