НОВОГОДИШЕН ПРИЕМ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев во големата сала на општината го организираше традиционалниот новогодишен прием на кој присуствуваа гости од општествено политичките организации и претпријатија, од стопанството, културата и НВО секторот.
Во обраќањето пред гостите градоначалникот Јанчев го изрази задовоството од соработката на сите политички субјекти. Говореше за реализираните проекти во 2018 година, како и за широката поддршка во советот на општината кон проектите предложени од негo, кои се во полза на градот и граѓаните на општината.
Јанчев во своето новогодишно обраќање истакна дека во целост е задоволен од сработеното во 2018 година. Градоначалникот потенцираше: „Во годината која изминува успешно спроведовме прокет единствен на овие простори па и пошироко, насловен „Мој општинар“. Во директни контакти на терен со граѓаните, преку вработените во оваас лужба општината имаше катадневен увид во состојбата во градот. Директното реализирање на потребите на граѓаните и нивното брзо отстранување ги дадоа очекуваните ефекти и резултатаи. Во 2018 интензивно работевме на хортикултурно уредување, како и на подигање на комуналната хигиена во Кавадарци. Комуналната изградба се одвиваше непречено и со засилен интензитете како во градот така и во селата во општината. Работата донесе резултати кои граѓаните ги препознаа и позитивно ги оценија.
И во 2019 ќе продолжиме со несмалено темпо кон заедничката цел, Кавадарци да биде убаво место за живеење од каде младите нема да бегаат.“ подвелече Јанчев
Честитки кон граѓаните и изјави за медумите искажаа и членови на советото на општината:
Ристо Сакалиев,п ретседател на Совет на Општина Кавадарци: „2018 година ми беше најтешка и најубава. Работев по 15 часови дневно, Во советот беа Донесени над 500 одлуки за од разни области“.
Лазар Туриманџов, координатор на советничката група на СДСМ: „За нас ова година е успешна. Во Кавадарци се гради. Аномалиите од старите одлуки ги отстранивме. 2019 ке биде подобра“
Зоран Јованчев координатрор на совтничката група на МВРО-ДПМНЕ: „Годината ја оценуваме за одлична. Како ВМРО-ДПМНЕ сите одлуки од градоначалникот ги прифативме. Ние би биле задоволни ако Програмата за наредната 2019 биде исполнета најмалку со 70 насто.