Автор: Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023

 

За унапредување на  1  административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1  (еден) извршител и тоа : 

  1. ИНС 01 01 В04 001 Помлад Комунален инспектор, Одделение за инспекциски надзор ………………. 1 (еден) извршител; 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ за јавна расправа за Студија за оцена на влијание врз животна средина

ИЗВЕСТУВАЊЕ за јавна расправа за Студија за оцена на влијание врз животна средина

Согласно членовите 77 и 83 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и Уредбата за определување на проекти и критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина (Службен весник на Република Македонија бр. 74/05, 109/09, 164/12, 202/16 и 175/22),

Ве информираме дека Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект – Инсталирање на постројка за производство на електрична енергија во Еуроникел Индустри во општина Кавадарци, за потребите на инвеститорот „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ доо од Кавадарци е достапна на веб страната на Министерството за животна средина во делот на Сервиси – Студии за оцена на влијание врз животната средина на следниот линк: https://www.moepp.gov.mk/сервиси/test-2/студии-за-оценка-на-влијание-врз-живот/

Јавната расправа и презентација на Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект – Инсталирање на постројка за производство на електрична енергија во Еуроникел Индустри во општина Кавадарци за сите заинтересирани граѓани и здруженија ќе се одржи на 18.01.2023 год. (среда) во 11:00 часот во „Голема сала“ во просториите на општина Кавадарци.

Одлука интерен оглас број 4/2022

Одлука интерен оглас број 4/2022

ОДЛУКА ЗА ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ 04/2022

За унапредување на 1 административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа : 

1.УПР 01 01 Б02 000 Раководител на Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина…………..1 (еден) извршител. 

Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски плански регион

Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски плански регион

Градоначалникот Митко Јанчев во просториите на Општина Кавадарци имаше и работен состанок со министерот за Локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалниците на општините Велес, Неготино и Свети Николе, директорот на Вардарски плански регион, со претставници од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и членови на управниот одбор на македонско – турската стопанска комора на кој се разговараше за можностите за идна соработка се со цел реализација на идни проекти кои што би значеле развој на Вардарски плански регион.Од страна на градоначалниците беа презентирани можностите за развој на нашиот регион, додека од страна на официјалните претставници од управниот одбор на МАТТО беа презентирани развојните проекти на ниво на цела држава.

Нови четири противпожарни возила за четирите општини од Вардарски плански регион

Нови четири противпожарни возила за четирите општини од Вардарски плански регион

Денеска во Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев, заедно со градоначалниците од општините Велес, Неготино и Свети Николе присуствуваа на примопредавање на четири противпожарни возила, за потребите на четирите територијални противпожарни единици од Вардарскиот плански регион од страна на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 32.000.000 денари од кои 24 милиони се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, а 8 милиони се кофинансирање од четирите општини.

Со реализацијата на овој проект се зајакнуваат капацитети на четирите Територијални противпожарни единици кои што ќе ги покриваат и останатите пет општини од Вардарскиот плански регион кога и да е тоа потребно.