Автор: Општина Кавадарци

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО  ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

Пожар во ООУ „Страшо Пинџур“.  Ова беше дел од сценариото за денешната показна вежба што се реализираше во ООУ „Страшо Пинџур “ Кавадарци.

Вежбата ја следеа учениците од училиштето, потоа градоначалникот Митко Јанчев, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, од Центарот за управување со кризи, како и командирите на Територијалната против пожарна единица и на Полициската станица од општа надлежност од Кавадарци.

Показната вежба се темелеше на интервенција при пожар во просториите при што интервенираа пожарникарите, брзата помош, подмлаткарите на црвениот крст  со асистенција на локалната полиција.

Пожарникарите веднаш по повикот стигнаа и започнаа со интервенции. Претходно учениците беа евакуирани, а на повредените помош им пружеа волонтери од Црвен Крст до пристигнувањето на медицинска екипа од брзата помош.

Оценката од сите присутни е дека вежбата беше успешно спроведена.

Градоначалникот Јанчев кој редовни ги следи овие активност во образовните институцци што се организираат како превентива и едукација и овојпат со позитивна оценка за учесниците. Тој во оваа пригода најави доопремување на против пожарната единица со радио врски, за подобро функционирање.

МЛАДИТЕ СЕ ПРИОРИТЕТ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА

МЛАДИТЕ СЕ ПРИОРИТЕТ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА

Градоначалникот м-р Митко Јанчев оствари средба со ученици од втора и трета година од гимназијата „Добри Даскалов“ во правната насока. Средбата беше во рамките на наставата по методскат единица фукционирање на Општината како единица на Локалната самоуправа.

Во интерактивен пристап се дискутираше на повеќе теми пред се во доменот на образованието и рекреативно забавниот живот на младите. Градоначалникот Јанчев во воведот се осврна на основните функции на Општината, при што ги акцентираше приоритетите на Локалната самоуправа во стратешките цели: развивање на локал-патриотизмот заради задржување на младите образовани кадри во сопствениот град.

Јанчев истакна дека негова цел во мандатот, е преку проекти од инфраструктурата, образованието, спортот и рекреацијата да го развива Кавадарци во правец на модерна средина која ќе биде економски силна, просперитетна и интересна за малдите да посакаат да останат во родниот град и со својот ангажман да го развиваат.

Во правец на тоа ги посочи проектите од економијата со доведување на нови инвестиции, домашни и странски, кои ќе го продолжат трендот општината и натаму да биде со најниска стапка на невработеност. Посочи проекти во развојот на образованието со подобрување на просторните и програмските услови во училиштатат и нивно поврзување со стопанството за креирање образовани кадри според потребите на компаниите.

Учениците се интересираа за проекти кои би го подобриле нивното функциониирање како во училиштата таки и во слободното време, а ја загатнаа и темата екологија.

Јанчев ги запозна со проектите кои во 2019 ќе се реализираат токму во оваа насока во гимназијата, интернатот, и другите училишта. Ја спомена изградбата на рекреативната патека Ваташа-Воденица Моклиште, Затворен базен и спа-центар во паркот на лкокацијата поранешна „Ла Луна“, како и проширување на содржините на олимпискиот базен.

Овие проекти како и неодамна отвореното лизгалиште, преку јавно приватно партнерство ќе овозможат бесплатни образовни содржни во склоп на наставата, како и рекретаивен комерцијален пристап во сдлободното врема

За градоначалникот Кавадарци е убаво место за живеење како според географската локација, така и според економскиот и човечкиот потенцијал. Тие предности треба да се искористат, со цел градот да прерасне во универзитетски центар. Екологијата ќе се решава постепени и систематски на научна основа, а Општината ќе делува во правец на подигање на свеста кај граѓаните за поголема култура на однесувањето.

За младите се развиваат проекти и во правец на збратимување на Кавадарци со градови од развиените западно европски земји компаративни на нашата традиција и стопанство, со цел младите преку размена на учат од најдобрите. Во тој правец ја посочи соработката со Франција и нејзината амбасада, како прв чекор во овој нов пристап на идни збратимувања.

На средбата Јанчев поврди дека наредното вакво случување ќе биде во нивните училници, каде тој на самото место ќе се запознае со функционирањето на наставниот процес.

БУКЕТИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА БОРЦИТЕ ОД „ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

БУКЕТИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА БОРЦИТЕ ОД „ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

На 20 декември се навршуваат 75 години од формирањето на „Втората македонска ударна бригада“. Денеска по тој повод  на споменикот на Комнадантот на Втората македонска бригада Диме Туриманџовски- Горски во Паркот на Револуцијата во Кавадарци, делегација на преживеани борци, преставнци на Боречката организација, од Кабинетот на градоначалникот и Советот на општината положија свежо цвеќе.

За значењето на бригадата зборуваше Илија Браов, од Сојузот на борци и поддржувачи на придобивките од НОБ-Кавадарци. Тој пред присутните пече: „Со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Егејска Македонија од баталјоните „Страшо Пинџур“, „Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски- Горски, зам. командант Лазар Калајџијски Добри, полит. комесар Трифун Трифунов Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев Јасмин. За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда“.

Бригадата во состав на Првата Македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија.

ВЛЕЗОТ ВО ОПШТИНАТА НОВОГОДИШНО УКРАСЕН  ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО СОЗШУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

ВЛЕЗОТ ВО ОПШТИНАТА НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО СОЗШУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници  ученици и професори од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ го  уредија  просторот пред влезот во општина Кавадарци, како и кабинетот на градоначалникот м-р. Митко Јанчев.

Ученици од насоката техничари за шумарство и пејзажна архитектура под менторство на професорката  Ратка Росоманска  ги изработија икебаните во кабинетот на градоначалникот, а нивните врсници од насоката техничари за  мебел-ентериери, под раководство на професорот Горан Зимоски го уредија холот на приземјето на зградата на Општината.            Градоначалникот Јанчев од свое и од име на општината се заблагодари на гестот и завршената работа истакнувајќи дека: СОЗШУ „Ѓорче Петров“ им  овозможува на учениците своите способности да ги покажат во јавноста што е доста важно за стимулирање на нивната креативност и развивој.  Јанчев на гостите им подари скромни новогодишни подароци.

Дирекорот на училиштето  Горан Велковски рече дека на сите млади луѓе, во ова училиште  им се понудени, соодветните услови за стручна наобразба  кои ќе им бидат корисни во нивното натамошно школување.

Завршената работа е само дел од редовните активности во школувањето во ова стручно училиште.  

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СЕ СРЕТНА СО   НОВИОТ АМБАСАДОР НА ОБСЕ  КЛЕМЕНС КОЈА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СЕ СРЕТНА СО  НОВИОТ АМБАСАДОР НА ОБСЕ  КЛЕМЕНС КОЈА

Новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ неговата екселенција амбасадорот Клеменс Која, беше во прва посета на Општина Кавадарци.

Тој оствари работна средба со Градоначалникот г-дин Митко Јанчев. Во протоколарниот дел домаќинот Јанчев го запозна високиот гостин со основните карактеристики на Општината.

Во работниот дел теми на разговор беа: политичката состојба на локално ниво и Кавадарци како пример за конструктивна соработка меѓу позицијата и опозицијата во советот на општината, а се дискутираше и за актуелната политичка ситуација во Република Македонија.