Автор: Општина Кавадарци

ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ ДОНИРАШЕ 120   ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ ДОНИРАШЕ 120   ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

По повод верскиот празник „Свети Никола“, фондацијата „Никола Јанчев“ во соработка со градоначалникот и советот на општина Кавадарци денеска на свеченост во компанијата „Кожувчанка“ на директорите на шесте Општински основни училишта од Кавадарци им ги врачи ваучерите за донацијата  на прочистувачи на воздухот.

Ваучерите за вкупно 120 прочистувачи на воздух ги додели директорката на компанијата „Кожувчанка“ и на фондацијата, госпоѓа Јанинка Чупаркоска.  „Целта ни е хуманоста. Пред неколку месеци доделивме 36 стипендии на основци, средношколци и студенти. Денеска доделуваме прочистувачи на воздух во училниците во правец на унапредување и заштита на животната средина пред се за децата“ рече Чупаркоска и нагласи и дека и во иднина фондацијата ќе се води од нивната стратешка цел.

Градоначлникот м-р. Митко Јанчев, кој присуствуваше на доделувањето, истакна дека најголем дел од средтвата за оваа донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од нивната компанија.

Директорите имаат обврска прочистувачите да ги стават во функција најдоцна до понеделник, од кога околу 3500 основци од Кавадарци, во своите училници ќе имаат прочистувачи на воздух.

Од името на учениците и родителите благодарност за вредната донација упатија директорите на училиштата.

Вредноста на уредите е 36 илјади евра, а истите ќе бидат распоредени согласно бројот на учениците и тоа: 23 прочистувачи во ООУ „Тошо Велков-Пепето“, 22 во ООУ „Страшо Пинџур“, по 19 прочистувачи ќе добијат училиштата „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов-Габерот“ Ваташа, додека 18 прочистувачи ќе добие ООУ „Гоце Делчев“, а 15 филтри ќе бидат распоредени во исто толку училници во ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ Кавадарци.  

Отварање на Лизгалиштето во СЦ Јасмин

Отварање на Лизгалиштето во СЦ Јасмин

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во присуство на претставници од Хокеарската федерација на Макеодонија, педагози по физичко образование, како и ученици од Кавадарци, го предаде во функција лизгалиштето кое се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Јасмин“. Лизгалиштето е со двојна намена, претпладне ќе работи како центар за настава по физичко за учениците од општината, а попладне на комерцијална основа за сите кои после настава сакаат да се рекреираат. Ќе се изнајмуваат лизгалки, а билетот ќе чини 100 денари.

Јанчев во обраќањето пред присутните истакна:  „Идеата е моја како градоначалник и на општина Кавцадарци. Во соработка со „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“.  Општина Кавадарци преку Сојузот на училишни спортови преку училипштата организира бесплатно лизгање во зимскиите месеци.  Учениците ќе имаат часови по лизгање. Ќе можат децата да се релаксираат. Еуфоријата денеска е на високо ниво. Задоволство ми е што Кавадарци доби лизгалиште и што можеме да се рамниме со поголемите градови“ рече градоначалникот Митко Јанчев.

Лизгалиштето ќе послужи и за регрутирање млади таленти во хокеј. „Ние имаме план да праќаме тренер секоја недела. Ова е еден одличен проект кој ќе придонесе за хокејот во Македонија да дојде до сосема солидно ниво. Се планираат лизгалишта во Битола и Охрид“ изјави претставникот од Хокејарската федерација на Македонија.

Задоволство од отворањето на овој спортско рекреативен објект искажаа и наставниците по физичко и здравствено воспитување од кавадарци.

Лизгалиштето ќе работи секој ден во текот на зимската сезона. 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 04/2018

За унапредување на еден (1 административен службеник
во општинската администрација на Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2018

ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ТЕРЕНСКА НАСТАВА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ТЕРЕНСКА НАСТАВА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Ученици во трета година во гимназијата „Добри Даскалов“  од Кавадарци беа во посета на Општина Кавадарци – Локална самоуправа. Во големата сала на општината го одржаа часот по методската единица „Урбанизацијата како светски процес“, во рамките на наставата од изборниот предмет географија

Домаќини им беа архитектите од одделението за урбанизам. Тие ги запозна учениците со поставеноста  и начинот на функционирање на урбанизмот и урбанизацијата во општината Кавадарци.

Во интерактивна настава со учениците дискутираа на повеќе теми и сегменти од урбанизацијата и нејзиното спроведување во пракса, посебно во градот Кавадарци.

Од учениците беа прибрани и триесеттина ливчиња со забелешки во поглед на нивната перцепција на урбаното Кавадарци, како и нивни и предлози и идеи за идниот развој на урбанизацијата на градот.

Оваа средба на гимназијалците и урбанистите се одржува четврта година поред и преминува во традиција.

На овие часови општинската администарција ги споделува своите позитивни практики со гимназијалците идни академски граѓани.