Автор: Општина Кавадарци

ДОПОЛНИТЕЛНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА  ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

ДОПОЛНИТЕЛНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Општина Кавадарци во рамките на проектот за реконструкција на градскиот плоштад, преку ангажираната фирма изврши поставување на дополнително јавно осветлување.

На четири метални столбови, на висина од седум метри беа поставени вкупно пет ЛЕД светилки секоја со моќност од 100 вати. Се работи за светилки од најновата генерација кои имаат широк опсег на покривање со бела светлина.

Дополнителното јавно осветлување има за цел да го осветли делот од плоштадот помеѓу зградата на општината и семафорите кај Домот на културата и тоа од страната на улицата „Илинденска“. Овој просто досега не беше доволно осветлен, а сега со овој зафат општината ќе обезбеди дополнителна светлина за побезбедно движење на пешаците по плоштадот.. 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДАНКО ДАФКОВ“  ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДАНКО ДАФКОВ“ ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „АС Машини“ е ангажирана во релизација на комуналниот проект на Општина Кавадарци за поплочување на улицата „Данко Дафков“ во Ваташа.

Според проектот со бехатон коцки се поплочува вкупна површина од 960м2, на два крака. Се работи за уредување на улица која се наоѓа на десниот брег на реката Луда Мара, која води кон куќите под месноста „Журов дол“ над Спомен домот „12 Младинци“.

 Општината и ЈП„Комуналец“ претходно извршиа реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, со што овој дел од селото Ваташ сега има функционална мрежа и урбанизиран пристап до индивидуалните станбени објекти.

 

Општина Кавадарци
 Градоначалник
                    м-р Митко Јанчев

ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ПОРОЈНИЦАТА „ЖУРОВ ДОЛ“

ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ПОРОЈНИЦАТА „ЖУРОВ ДОЛ“

Есенската акција за пошумување на поројницата „Журов дол“ кај Ваташа, продолжи со денешната кампања во која покрај вработени од ЈП „Македонски шуми“ и Општина Кавадарци, учествуваа и вработените во ЈП „Комуналец“ Кавадарци.

На исклучително стрмен и ерозивен терен се садеа садници од багрем, соодветни за тој тип на почва и таков терен. Согласно пленот денеска беа засадени 1000 млади дрвца.

Акцијата е во организација на Општина Кавадарци и Македонски шуми подружница „Бор“ Кавадарци. Годинава во двете акции пролетна и оваа есенската на локацијата „Журов дол“ вкупно се засадија 11.000 багремови садници.

Покрај вработените во Општината и ЈП „Македонски шуми“ во пошумувањето учествуваа и вработени во компанијата „Дрекслмајер“ и ЈП „Комуналец“.

НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

Општина Кавадарци започна со реализација на проектото за новогодишно украсување на градот. Согласно програмата во пред новогодишно руво со светлечки украси се китат централното градско подрачје и улиците во него.

Светлечки украси ќе се постават на зградата на општината, потоа на градскиот плоштад, како и на улиците: „Илинденска“, „Тиквешко востание“, „Мито Хаџи-Василев“, и „7 Септември“.

Годинава општината ќе ги украси и двата кружни тека стариот кај автобуската станица и новиот кај училиштето „Гоце Делчев“.

Општината во пресрет на новата 2019 година ќе че го украси и Ваташа каде покрај светлечки украси ќе биде поставена и елка.

Целосното украсување треба да заврши во наредните неколку денови, по што Кавадарци за дочекот на новата 2019 година ќе биде украсен.

                                                                                                                                           

ОПШТИНАТА ПОДГОТВУВА НОВА СТРАТЕГИЈА  ЗА ЕКОЛОГИЈА 

ОПШТИНАТА ПОДГОТВУВА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕКОЛОГИЈА 

Општина Кавадарци, екологистите од „Еко живот“ во соработка со регионалната стопанска комора Кавадарци, започнаа со постапка за изработка на нов Локален еколошки акционен план-ЛЕАП.

Овој стратешки документ е од голема потреба за општината, бидејќи постоечкиот е две децении стар и досега воопшто не е ревидиран.

Подолг период екологистите алармираат дека е потребна еколошка стратегија, а општината директно ги чуствува последиците првенствено од аеро загадувањето, изразени во грејната сезона.

Градоначалникот Митко Јанчев како еден од иницијаторите за изработка на општинска стратегија за екологија, вели дека овој документ е потребен за да се знае во која насока ќе се развива општината и како ќе се заштитува животната средина.

„Општината со партнерите од НВО секторот екологија, како и бизнис секторот, сме подготвени да го изработиме овој план, а во наредните години да биде во сервис на граѓаните и институциите. Самиот документ ќе придонесе за подобрување на состојбата со животна средина во општината. Ќе ги опфатиме сите сегменти, од аерозагадувањето кое е  изразено особено во зимските месеци, преку квалитетот на водите, почвата се до климатски промени“.

Од средбата која се одржа во големата сала на Општина Кавадарци, учесниците апелираа до граѓаните да се воздржат од горење на опасни материи за затоплување на домовите, а заинтересираните да земат активно учество во креирањето на овој стратешки документ.