Автор: Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани,  а неплатени обврски (,,Службен Весник на РМ,, бр.209/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци, објавува

Ј А В Е Н   П О В И К

до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

 

Се повикуваат сите доверители на Општина Кавадарци и единките корисници основани од Општина Кавадарци кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година,  да се пријават во Општина Кавадарци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.

Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Кавадарци или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оргинал или копија заверена на нотар,
  • Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
  • Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Кавадарци.

Документацијата заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Kавадарци http://arhiva.kavadarci.gov.mk

Пријавата со потребаната документација да се достави лично во архивата на Општина Kавадарци ( од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул,,Маршал Тито,, бр.2 Кавадарци, со назнака ,,За Јавен повик за пријава на доверители,, .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Кавадарци ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 043-416-130 – Сектор за финансиски прашања или на електронската адреса : finansii.kavadarci@yahoo.com.

Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.

 

ОБЈАВА број  06/2018 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број 06/2018 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18),  Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18), Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/33 од 31.08.2018 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6310/14 од 14.11.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.26/18), Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/35 од 31.08.2018 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  06/2018

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти во сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6310/14 од 14.11.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.26/18).

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
НОВИ 330 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

НОВИ 330 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ е во поодмината фаза од изградбата на новите 330 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци, кој сега достигна до локацијата под објектот „Три багрема“ меѓу селата Глишиќ и Марена..

Во новата делница се вградени метал корогирани цевки со профил „Фи“ 1000, со што е зголемана пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

За оваа намена општината инвсетира 3,5 милиони денари, од кои 2,7 милиони се обезбедени од буџетот, а останатите 800.000 денари од Министерството за екологија.

Ова е 3 фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот достигна 2.270 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.

КАВАДАРЦИ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА ЛИЗГАЛИШТЕ

КАВАДАРЦИ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА ЛИЗГАЛИШТЕ

Општина Кавадарци на иницијатива на градоначалникот Јанчев, а во соработка со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“ реализира проект за изградба на монтажно лизгалиште. Лизгалиштето е лоцирано на  тениските терени при спортскиот центар „Јасмин“ на површина од близу 500м2.

Предвидено е да се користи во текот на зимската сезона, со намена за спорт и рекреација пред се на најмладите.

ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ   

ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ  

Во тек е редовното кастрење на дрворедите кое Општина Кавадарци го реализира преку Јавното претпријатие „Комуналец“.

Станува збор за активност на организационата единица „Паркови и зеленило“, а се работи на интервенција на дрворедите со кастрење на обраснати гранки, како и отстранување на сувите и дотраените гранки кои се потенцијална опасност за пешаците и возачите.

Со оваа акција на општината се опфатени булеварите „Моша Пијаде“ и „Никола Минчев“ како и улиците: „Илинденска“, „Вишешница“, „Блажо Алексов“ и „Димката Габерот“.

Покрај ЈП „Комуналец“ во акцијата како помагатели со механизасија и работна рака се вклучени и општествено одговорните компании: „ EVN“, „Кожувчанка“ и „Матал Апостолови“