По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев денес во Општина Кавадарци се одржа координативен состанок за текот на понатомошното работење на мерните агрометеоролошки станици кои ги постави нашата општината со помош на Швајцарската амбасада (за регионален развој) на кој се разговараше за улогата, значењето и придобивките од модерното smart земјоделство.
На состанокот беа присутни претставници од подрачнота единица на МЗШВ, Тиквешките семејни винарии, здружение на земјоделци, винарски визби и земјоделски аптеки и на истиот се донесоа неколку заклучоци и тоа:
– формирање на координативно тело,
– предвидување на буџет за одржување,
– формирање на база на земјоделци по реони,
– начин на информирање на земјоделците од формираната база,
– зголемување на бројот на меторолошки станици и друго.
Општина Кавадарци заедно со координативното тело ќе продолжи со комуникација и соработка со сите чинители во земјоделството се со цел за подобро и поквалитетно земјоделство.