Автор: Општина Кавадарци

ПОДОБРЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕТО НА СПОРТКИОТ ЦЕНТАР „ЈАСМИН“

ПОДОБРЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕТО НА СПОРТКИОТ ЦЕНТАР „ЈАСМИН“

Општина Кавадарци согласно програмата го реализираше проектот за подобрување на моќноста на јавното осветлување на фудбалскиот терен на спотрскиот центар „Јасмин“.

Како дополнување на постојното јавно осветлување на источната и западната страна на теренот се поставувиа 6 нови столбови по три од секоја страна. Столбовите се високи 12 метри, а на секој е поставен рефлектор со моќност од 1КW.

Дополнителното осветлување со кое во многу се подобри видливоста во ноќните часови е донација од фирмата „Матал Апостолов“.

Општината во рамките на овој проект постави дополнителна нисконапонска мрежа за новите 6 високи столбови а паралелно изврши целосна замена на подземната нисконапонска мрежа на постојните 14 столбови поставени околу атлетската патека.

Со обновеното јавно осветлување во многу се подобрија условите за рекреација, спортување и одмор на граѓаните во ноќните часови.

ВАДЕЊЕ НА ГРАНИТНА КОЦКА ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

ВАДЕЊЕ НА ГРАНИТНА КОЦКА ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Согласно програмата, оперативата на фирмата „Градба промет“ започна со отстранување на гранитната коцка на улицата „Доне Попов“.

Според проектот општината треба да изврши реконструкција на површина од околу 1500м2.

Откако ќе биде извадена старат гранитна коцка овој дел од улицата ќе се асфалтира.

 

ПРОГРАМА за oдбележување на годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2018  година

ПРОГРАМА за oдбележување на годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2018 година

Предлог

Врз основа на член 50 став 1 точка 6 од Законот за Локална самоуправа („Сл.весник на РМ„ бр 5/2002), член 113 став 1 точка 2 од Статутот на општина Кавадарци („Сл.гласник на општина Кавадарци ), Градоначалникот му предлага на Советот на општина Кавадарци на седницата што ќе се одржи на ден ———-2017 година, да донесе

 

ПРОГРАМА

за oдбележување на годишнини на значајни настани и личности

во општина Кавадарци во 2018  година

 

*  ВОВЕД

Со Програмата  за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2018 година се определуваат значајните настани и годишнини од посебно значење, со што се сочувува континуитетот во одбележувањето од Rепубличко и локално значење.

 

  • ЦЕЛИ 

Основни цели на оваа Програма се:

  • Одбележување на годишнини и значајни настани и личности во насока на негување на историското минато,
  • Обезбедување активен однос на градот Кавадарци кон задоволувањето на потребите на граѓаните за негување на традициите,
  • Зачувување на историската и културната вреднoст на личности и настани , со цел негување на историските и културните вредности на градот.

Read More

Апел до граѓаните

Апел до граѓаните

Општина Кавадарци ги повикува граѓаните за време на гроздоберските свечености без некоја посеризна потреба да не ги користат своите автомобили за движење во строгиот центар на градот каде ќе се довиваат настаните од годинешната манифестација „Тиквешки гроздобер„.

Воедно апелира до граѓаните нивните автомобили да не ги паркираат на улиците како би се обезбедиле паркинг места за гостите од страна кои во деновите од 7 до 9 септември ќе го посетат Кавадарци.

Почитувани граѓани со воздржувањето од непотребното користење на возилото за време на „Тиквечкиот гроздобер“ 2018год. ќе дадете свој личен придонес во негово подобро и непречено организирање и одвивање на програмските содржини.

Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна, а вие ќе помогнете во потврдувањето на епитетот  дека кавадарчани се луѓе со широко срце и отворена душа за секој гостин и патник добронамерник.

 

Општина Кавадарци

Градоначалник