Автор: Општина Кавадарци

ОТВОРЕНО ИНФОРМАТИВНОТО ТУРИСТИЧКО БИРО

ОТВОРЕНО ИНФОРМАТИВНОТО ТУРИСТИЧКО БИРО

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во придружба на претседателот на советото Ристо Сакалиев официјално го предаде во употреба  Информативно туристичкото биро на улица „7 Септември“, кое се наоѓа на плоштадот веднаш до бистата на Никола Бадев.

Од денеска и официјално сите гости на Кавадарци имаат место каде можат да ги добијат потребните информации за пријатен претстој во градот на грозјето и виното. Општината го отвори ова биро со цел туристите полесно да дојдат до информации како да ги запознаат сите богатства и убавини кои ги имаат градот и Тиквешијата.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој официјално денеска го пушти во работа туристичко-информативното биро нагласи: „Промовирање на винскиот туризам и на другите природни убавини на Општината и регионот е целта на ова туристичко информативно биро. Имаме програма по која ќе работи бирото. Настојуваме да привлекуваме туристи на дневна основа. И еден турист дневно е добро“ вели градоначалникот Јанчев.

Ќе имаме  евиденција и ќе правиме план и програма да привлечеме туристи во Кавадаречка Општина. Производството на грозје и вино ќе ни биде таргет, но овде се и природните убавини на: Моклиште  Витачево, Тиквешко езеро, старите цркви кои привлекуваат внимание“ додаде Јанчев при предавањето во работа на Туристичко информативното биро.

Крсте Соколов, вработен во бирото е задолжен да ги споделува сите потребни информации со туристите. Тој во изјавата за медиумите рече дека ќе се работи и на интензивно привлекување на туристи во Кавадарци и Тиквешијата. Имаме програма, според која сите кои ке дојдат ке имаат можност да ги видат убавините на регионот„ вели Соколов.

Соколов информира дека денеска во Кавадарци пристигнале и првите официјално регистрирани туристи во бирото.  Рече дека станува збор за луѓе од Австрија кои на изложбата на олд тајмери во рамки на гроздоберот ќе презентираат уникатен модел на автомобил БМВ.

Инаку Општната го rеши имотното и просторното парашaње на канцеларијата  која се наоѓа  во строгиот центар на градот на улицата„ 7 Септември“, а уредувањето на самата канцеларија е донација на „Дан-пласт“-Кавадарци.

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр.199/14) и измените и дополнувањата на  Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр. 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) Општина Кавадарци распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

 

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 06.09.2018год. до 06.10.2018год.

Објавувањето на Јавниот повик е на:

  • Огласна табла во Општина Кавадарци
  • на официјалниот сајт на Општина Кавадарци kavadarci.gov.mk
  • Во две јавни гласила
  • На официјалниот сајт www.e-urbanizam.mk
Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

 

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1 од ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ АД Скопје,  ул. 29ти Ноември бр.5.

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2,  точка 6,  односно подточка 6.4. б) Обработка и преработка на храна од:

  • растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредност на квартална основа).

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.

 

Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1
ОБНОВЕНИ ФАСАДИТЕ НА ТРИ ЗГРАДИ НА  УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

ОБНОВЕНИ ФАСАДИТЕ НА ТРИ ЗГРАДИ НА УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

Општина Кавадарци во соработка со дуќанџиите и поголем дел од фирмите кои имаат деловен простор во БИД зпната на улицата „Илинденска“ реализираше проект за освежување на фасадите на три згради.

Според проектот се работеше на крпење и бојадисување на фасадите на три згради кои во пресрет на општинскиот празник 7 Септември и престојниот „Тиквешки гроздобер“ пре кавадарчани гостите од страна ќе блеснат во нов сјај.

Инаку општина Кавадарци со одлука на советото зградите на улицата „Илинденска ги прогласи како објекти од значење за општината, па врз основа на тоа таа и се грижи за нивно зачувување со автентичната архитектура.