Автор: Општина Кавадарци

ОБНОВЕНИ ФОНТАНИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

ОБНОВЕНИ ФОНТАНИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Општна Кавадарци по подолго време ја стави во функција и големата фонтана на градскиот плоштад. Со тоа трите фонтани на плоштадот работат.

На големата фонтана која беше сериозно оштетена, се изведоа неколку зафати за нејзино санирање. Истата беше префарбана со сина боја, беа отстранети искршените подводни светилки, а во функција се ставиа и млазниците кои пумпаат вода во трите деловои од фонтаната.

Претходно општината превзеде мерки за оспособување и на двете мали кружни фонтани пред општинската зграда.

ЦЕЛОСНО НОВО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

ЦЕЛОСНО НОВО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Општина Кавадарци го реализира проектот за подобрување на Јавното осветлување на теренот и атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“.

Општината во рамките на овој проект изврши целосна замена на подземната нисконапонска мрежа на постојните 14 столбови поставени околу атлетската патека. На овие столбови ќе се монтираат нови ЛЕД светилки (двојна лира) со што ќе се подобри осветлувањето на патеката.

Како дополнување на моќноста на јавното осветлување на источната и западната страна на теренот се поставуваат 6 нови столбови по три од секоја страна. Столбовите се високи 12 метри, а на секој од нив ќе биде поставен рефлектор со моќност од 1КW.

Дополнителното осветлување со кое во многу ќе се подобри видливоста во ноќните часови е донација од фирмата „Матал Апостолов“.

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ СО НОВ АСФАЛТ

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ СО НОВ АСФАЛТ

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „Изолација“ поставува нов слој асфалт на улицата „Шишка“ на делница во должина од 400 метри. Санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

Асфалтирањето се изведува на површина од 1440м2, каде претходно беа отстранети најголемите оштетувања. Таму сега се поставува нов слој асфалт.

Со овој проек општината обезбедува пододри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.